Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1983383 пати)

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Ај да се уклучам во темата, пошто од вторникот и јас сум Позитивен асимптоматски случај.
Со ред мојата приказна оди вака:
Се спремав за хируршка интервенција на кила и на 15.10 правам детални тестови за здравјето: детална крвна слика, урина, ЕКГ, снимка од гради се излегува супер. На 20ти одам кај анастезиолог и да закажам точно операција му вика мора корана тест ке те закажиме преку матичен оди на 30ти види за термин. Јас на 26ти добивам силни болки во грлото и некое кашлање без температура ништо на 28ми одам кај матичен му кажувам симптоми го виде грлото вика воспаление нема ништо испи една доза Серапетазе и ме закажува за Корона тест на 2ри. Во мегувреме се нормално и болката во грлото ми поминува за 2 дена малку сув нос, но на 30ти женами крева температура истиот ден колега од работа позитивен на брзите тестови па го закажуваат со мене исто за тест. На работа не одам од 29ти наредниит ден откако закажав тест, на тестот позитивен дома паники операцијата ја одложуваме и чекаме да помине се ОК. Керкичката 2 год досега е ОК јас немам ништо необично мало кашлање жена ми изгуби вкус и омалаксаност. Витаминска терапија и сумамед ни препишаа засега толку .

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • French diamond
Опасна или не, не е фер здравствените работници да не смеаат да земат одмор, боловање или било какво отсуство додека другите си играат курташак ? Richtig?
Во ваква ситуација такви мерки се неопходни.
Не можеш да земаш одмор кога луѓе умираат заради недостиг на кадар.

Проблемот е што ова важи за делот од здравствените работници кои се ангажирани за третман на КОВИД-19 (Инфективно). Другите делови од здравството си поминуваат релативно лагано уште од Март... Но да не грешам душа, можеби нешто се сменило - па ги „мобилизирале“ некако и другите служби. Нека ме поправи некој ако знае повеќе.



Луѓе си умираат од недостиг на мозок. Од која мака некој да гини цела година на работа, за луѓе кои  веруваат во корона само ако/кога ќе се заразат.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Докторите и здравствените работници сами си ја одбрале професијата. Положиле заклетва... За во добро и во лошо, не само за во добро.

Инаку што „веруваат/неверуваат“ рандом луѓе нема улога во сето ова. Одговорноста пред сѐ е на државата и нејзините органи, да се обезбеди здравјето на граѓаните и добросостојбата на државата. Постојат начини и методи како да се „убедат“ неодговорните да се однесуваат одговорно, но тука излегува на виделина (не)способноста на самата држава.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
a, vo "razvienive" zemju da nemakazni i zakoni da vidish kolku lugje nema da veruvaat.
Tie shto ne veruvaat i ko kje gi fati velat  deka e pojaka nastinka, shto tehnicki i e taka, samo shto verojatnosta za smrt kaj postari lugje e 10 i povekje pati pogolema.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Opel Astra 2.0 DI
Ај да се уклучам во темата, пошто од вторникот и јас сум Позитивен асимптоматски случај.
Со ред мојата приказна оди вака:
Се спремав за хируршка интервенција на кила и на 15.10 правам детални тестови за здравјето: детална крвна слика, урина, ЕКГ, снимка од гради се излегува супер. На 20ти одам кај анастезиолог и да закажам точно операција му вика мора корана тест ке те закажиме преку матичен оди на 30ти види за термин. Јас на 26ти добивам силни болки во грлото и некое кашлање без температура ништо на 28ми одам кај матичен му кажувам симптоми го виде грлото вика воспаление нема ништо испи една доза Серапетазе и ме закажува за Корона тест на 2ри. Во мегувреме се нормално и болката во грлото ми поминува за 2 дена малку сув нос, но на 30ти женами крева температура истиот ден колега од работа позитивен на брзите тестови па го закажуваат со мене исто за тест. На работа не одам од 29ти наредниит ден откако закажав тест, на тестот позитивен дома паники операцијата ја одложуваме и чекаме да помине се ОК. Керкичката 2 год досега е ОК јас немам ништо необично мало кашлање жена ми изгуби вкус и омалаксаност. Витаминска терапија и сумамед ни препишаа засега толку .
Dobro e taka da mini da nemas problemi....

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
Така и поминуваат 90% (од око ова, олабавете експерти) од случаите, тие 10% со други пропратни болести тешко врват..
New blood of old school

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Бројките се доволно добри за илустрација... Проблемот се две работи. Прво што навистина се лоши работите за тој помал процент што имаат болести/старост. Второ, со овдешнава висока здравствена култура голем број од „здравите“ не знаат дека имаат здравствен проблем. И после, абе „здрав ко дрен“ а ете... :(

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Да не заборавиме на:

"Ништо не ти е!" + "Што си чекал до сега!"
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Најмногу шеќер и срцево болесни, што до негде е и поврзано.
Хах, да имаше негде дека лекарите закаснувале со реакција да дадат ивермектин, па се до панично давање на антибиотици. Значи, антибиотици се давааа од ракав уназа 20 години за се и сешто,и баш сега најдоја да го решаваат проблемот. И не, не мора одма сумамед.
https://emiter.com.mk/vesti/19094?fbclid=IwAR3I87BFVjfiJua4Elsuut9QWTtMzr_UoNQPZRmnOCABBCjJ8SljWqbUbFY

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ивермектин и не е многу фален во споредба со други опции, на пример јонизатори на Цинк (како кверцетин, хидроксихлорокин), ремседивир и други антивиротици, дури и интерферон... Но зошто да не, ако само тоа е достапно, кога ете помага а нема големи контраиндикации.

Како и да е мора да се разбере дека сето набројано спречува (или намалува) размножување на вирусот, и било што од тоа е џабе кога болеста ќе помине од примарна во секундарна фаза, кога вирусот е веќе размножен. Џабе е контрацепција кога невестата е 6-ти месец трудна.

Во секундарната фаза треба да се пази на симптомите за цитокинска бура, и тогаш што побрзо да се реагира со антинфламаторни средства - ама никако пред време, пошто инфламаторните реакции се неопходни за ефикасно делување на имуниот систем. Но кога почнува цитокинска бура тогаш имуниот систем станува поголема закана за самиот организам, поголема закана и од вирусот.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
ремседивир е безполезно да даваш, оти кога ќе тисе појават симптомите, вирусот е веќе мртов, и не може да биде по мртов, така барем е напишано. Во спортивно битребало да правиш тест секој 2 дена.
https://emiter.com.mk/vesti/19082?fbclid=IwAR2ORiQ2OMlsBFyIHWg_HhoOwdcIrXOsjpodEYlHVY8hC1rlWIrUVpiisOQ

инаку ја споделив 10 икони за здравје и одма е подруго :D
« Последно менување: 08 Ноември 2020, 15:32:58 pm Bicikle »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Истото важи за сите антивиротици, вклучетелно и ивермектин (кој примарно не е антивиротик, ама овде баш таква му е функцијата). Антивиралните лекови ефикасни се за спречување на размножување на вирусот, но откако вирусот е веќе размножен немаат ефикасно дејство.

Кај различни луѓе со различна брзина се одвива заразата и болеста. Ама општо гледано, симптомите откога ќе се појават сеуште има простор за дејствување од барем неколку денови, тоа сеуште е време кога вирусот сеуште се размножува и тогаш антивиралните сеуште се ефикасни за спречување на најлошите компликации (меѓу кои и смртта). Затоа најефикасен третман е РАНО ДЕЛУВАЊЕ со вакви лекови, веднаш после дијагностицирање на вирусот. Тоа би требало да е главна терапија за повеќето дијагностицирани, и не разбирам зошто не е така.

Нормално, тука станува јасно дека редовни скринизи посебно со новите евтини/брзи тестови се многу корисни. Само тоа е тема за себе и навистина треба многу повеќе да се зборува за брзите тестови.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
ивермектин е поефикасен од ремседивир, а плус има и антивоспалителни својства. Така е напишано во студиите, дека ремседивир има исти ефекти како плацебо. Инаку точно дека ивермектин се користи против паразитски и габични воспалувања. Ете, ивермектин помага и во секундарна фаза, а ремседивир џабе го даваат веднаш по пцр тест или по симтомите. И то е то, кај нас дали воопшто нешто даваат од овие работи, или по воља на пациентот(ако е воопто битна), не би можел да кажам, сепак имаат некој лек кој се покажал за сега ефикасен.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Кои студии, тие што испадна дека го давале лекот на најтешко болните пациенти кога веќе е касно за антивирални лекови?
Инаку антивоспалителни лекови се многу опасни кај оваа болест пошто го инхибираат дејството на имуниот систем, антивоспалителни лекови се даваат само кога ќе започне цитокинска бура и никако порано.

Jaс лично сметам дека јонизаторите за Цинк се подобар избор. Кверцетин, или барем хидроксихлорокин. Зголемена внатреклеточна концетрација на Цинк инхибира вирусна репликација колку и најдобрите антивиротици, плус и на други начини го помага делувањето на имуниот систем.
 

Не сум читал многу за ивермектин откако прв пат се слушна за негова примена во оваа болест, пред пола година отприлика. Но ако е вистина дека има антивоспалителни својства, тоа во старт го исклучува од употреба во раната фаза на заболувањето кога не се преопорачуваат било какви антивоспалителни лекови (на пример кортикостероиди). Исто и Парацетамол (и таквите слични) не се препорачуваат, освен во подолготрајни и високи температури над 39.5, подобро 40с и нагоре.

едит: Затоа колку и да е интересно ова за општа дискусија, никаква терапија не треба да се зема на своја рака туку само по рецепт на доктор.
Се разбира, тука не влегуваат суплементи и витамини кои секако се пожелни и како профилакса, и како помошна терапија - но тогаш количините подобро е да ги препорача доктор. Само со среќа наоѓање на доктор кој не е затворен за такви препораки.
« Последно менување: 08 Ноември 2020, 22:04:23 pm Van »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22380
За МКД, клипот преведете си го како " Зошто некои почитуваат мерки, а некои не...?"
Конкретниот одговор е околу 2:15.