Ивермектин и не е многу фален во споредба со други опции, на пример јонизатори на Цинк (како кверцетин, хидроксихлорокин), ремседивир и други антивиротици, дури и интерферон... Но зошто да не, ако само тоа е достапно, кога ете помага а нема големи контраиндикации.
Како и да е мора да се разбере дека сето набројано спречува (или намалува) размножување на вирусот, и било што од тоа е џабе кога болеста ќе помине од примарна во секундарна фаза, кога вирусот е веќе размножен. Џабе е контрацепција кога невестата е 6-ти месец трудна.
Во секундарната фаза треба да се пази на симптомите за цитокинска бура, и тогаш што побрзо да се реагира со антинфламаторни средства - ама никако пред време, пошто инфламаторните реакции се неопходни за ефикасно делување на имуниот систем. Но кога почнува цитокинска бура тогаш имуниот систем станува поголема закана за самиот организам, поголема закана и од вирусот.