Меѓудругото, од вакви слични дообјаснувања, релативизирања од полу-доквакани “експерти“ ситуацијата е таква каква што е. На крај, кој си се чува и пази ќе има подобри шанси да не го закачи.
Тој што чека некој лично само на него да му каже, дообјасни, нацрта, докаже, да му напишат и презентираат научни трудови со статии, слободно нека шета, нека заразува други, нека се самозарази и дај Боже да има среќа да го прележе без тешкотии.
12 месеци веќе р'шум прави вирусот и во 95% од случаите се знае кој е преносител, како се пренесува и најчесто како дејствува на еден организам. Уште повеќе во тие 12 месеци веќе има доволно информации и резултати на доста едноставен и разбирлив јазик/стил.
И на крај што прават најголем број од заразените? Чипови, човекови права, свадби, веселби, кафани, софри, гушкања, собирања, и се останато кадешто има доволно време и простор да закачиш не само Ковид-19, туку и грип, инфлуенза, некој стомачен вирус, некоја гадна бактерија и се останато што и онака може партал да ти го направи твојот имун систем.
пс. Ова напишаното не се однесува само за Македонија, туку за сите држави во Европа каде што има експлозија на нови случаи.