Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1983436 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
А замислете секој човек да има време да се протрча барем еднаш во неделата,
да удри некој склек, да пивне витаминче после тренинг наместо љута после напорна недела на работа со кретени... :)

Koj ќе каже дека нема саат време еднаш (или два/три) пати во недела за трчање/вежбање, веројатно лаже - сам себе се лаже.
Не ме прашувај од каде знам. :)

Ванка, прочитај одново. :)

Има народ, од грб страда пред да наполни 30.
И не се работи за имање или не време - туку волја, нормално.

Ама тоа слабо оди во комбинација со грбот и посраните новокомпонирани газди. :)
Сега па да не ги обвинуваме и газдите за све.

Кога се вратив од војска почнав да работам во една кафана.
Без проблем мкнев по 4 гајби Кока кола, од оние литарските.
Имав време за точак да возам по 50км и енергија за втора смена на работа до мугри, или обратно, прва смена па возење точак. Време и воља имав и за читнување книга дома и за посета на библиотека ;D Пари имаше колку што имаше.

Ама, тогаш немаше интернет 8)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2074
Го прогласувам короната за умрено. Конечно ми заврши притворот
Честитки, бог да не го прости!

Како помина, симптомите кои беа? Имаше директна изложеност со некој контакт без заштита или сепак беше со маска?

D-r Ordevski

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916

Температура 37.5,коски и мускули ме болеа 1 ден
Баш кога фатив, посо-куча беше неделата. Маска најчесто носам, ама може некогаш сум кикснал.
Не викам дека е безопасен грипов,ама медиумиве ја дуваат работата

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45191
  • Il Moderatore

Не викам дека е безопасен грипов,ама медиумиве ја дуваат работата

Честито „поминување со лесно“ :) Дувале - недувале, болниците пуни :(
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Отиди до инфективна па пиши пак дали некој ја дува работата.

Добро бе, ве фатило некогаш класичен грип некогаш во животот? Сте фатиле сигурно и не сте умреле, ама по некој умрел така? Епа исто и ова само што е отрпилика 10 пати посмртоносен и заразата е многу поголема поради асимтпоматски случаи кои што за жал го шират вирусот и сето тоа придонесува на болниците да се преполни. Тоа е заебот со вирусов.

Со обичен грип кога ќе те фати температура 39 од кревет не стануваш. И после не се шири, епа не се шири.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
Кога го отворивме Ковид прашањево, едно лаичко прашање:

Дали е во ред да се кркне Сумамед при блага кашлица и зголемена температура? Може ли да направи компликации? Гледам луѓе ги зимаат и (најверојатно) од страв/паника ги лапаат.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Јас зимав сумамед летоска (поради друга болест немаше врска со вирус) и од компликации имав ненормално пролив значи рендање во тоалетот секој саат. Друго све беше ОК. Јас не би зел на своја рака сумамед, направете крвна слика дали имате повишено антитела за некоја си бактериска инфекција барем да знаеш дали треба или не треба да пиеш сумамед.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Бев на клиника, не дојдоа дома да ме тестираат сигурно,и видов што се случува. Заебанција не е, ама никој не кажува дека 29000 се излечиле,туку 1000 дека умреле. 20 заболени = полициски час, затварање фабрики, 300 заболени=ваучери за туризам, 600=кафани отворени и градинки, итн...
Нешто не ми штима тука ама дај боже со лесно да си го протераат сите

Добро бе, ве фатило некогаш класичен грип некогаш во животот? Сте фатиле сигурно и не сте умреле, ама по некој умрел така? Епа исто и ова само што е отрпилика 10 пати посмртоносен и заразата е многу поголема поради асимтпоматски случаи кои што за жал го шират вирусот и сето тоа придонесува на болниците да се преполни. Тоа е заебот со вирусов.

Со обичен грип кога ќе те фати температура 39 од кревет не стануваш. И после не се шири, епа не се шири.
[/quote]

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Отиди до инфективна па пиши пак дали некој ја дува работата.

Добро бе, ве фатило некогаш класичен грип некогаш во животот? Сте фатиле сигурно и не сте умреле, ама по некој умрел така? Епа исто и ова само што е отрпилика 10 пати посмртоносен и заразата е многу поголема поради асимтпоматски случаи кои што за жал го шират вирусот и сето тоа придонесува на болниците да се преполни. Тоа е заебот со вирусов.

Со обичен грип кога ќе те фати температура 39 од кревет не стануваш. И после не се шири, епа не се шири.
Убаво објаснето, но недостигаат два мали детаљи за да се добие целосна слика.

1. Од грип не се трчаше во болница, односно голем процент од постарите и ризичните лица ќе си починеа во домашни услови и не ги полнеа болниците.

2. Сите што ќе починат од други причини им се прави тест и нормално, се пишуваат од Ковид.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Ако имаат ковид се пишуваат дека се од ковид. Нормално. Да немале ковид ќе биле живи.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Ако имаат ковид се пишуваат дека се од ковид. Нормално. Да немале ковид ќе биле живи.
Да немале Ковид ќе биле бесмртни.

Комшија со претходна историја со срце, секој ден го гледав на улица. Последниот ден кога го сретнав, вечерта се пожалил на болка во гради, без никакви други симптоми, не го фаќал алгоритмот...
Во текот на ноќта го однеле во болница, утрината починал, тестот позитивен.
Бабата и останатите негативни. Бабата не спиела со дедото, била во швалерај :)

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382

А ако имаа грип тогаш живи ќе беа?

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Отиди до инфективна па пиши пак дали некој ја дува работата.

Добро бе, ве фатило некогаш класичен грип некогаш во животот? Сте фатиле сигурно и не сте умреле, ама по некој умрел така? Епа исто и ова само што е отрпилика 10 пати посмртоносен и заразата е многу поголема поради асимтпоматски случаи кои што за жал го шират вирусот и сето тоа придонесува на болниците да се преполни. Тоа е заебот со вирусов.

Со обичен грип кога ќе те фати температура 39 од кревет не стануваш. И после не се шири, епа не се шири.
Убаво објаснето, но недостигаат два мали детаљи за да се добие целосна слика.

1. Од грип не се трчаше во болница, односно голем процент од постарите и ризичните лица ќе си починеа во домашни услови и не ги полнеа болниците.

2. Сите што ќе починат од други причини им се прави тест и нормално, се пишуваат од Ковид.
Разликата е дека голем дел преживуваа затоа што превентивно е вакцинираја од грип. Засега нема вакцина од ковид.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Aj што нема вакцина за ковид туку е 10 пати посмртоносен вирус. Факт. 0.2% према 2% +-

Ако имаат ковид се пишуваат дека се од ковид. Нормално. Да немале ковид ќе биле живи.
Да немале Ковид ќе биле бесмртни.

Комшија со претходна историја со срце, секој ден го гледав на улица. Последниот ден кога го сретнав, вечерта се пожалил на болка во гради, без никакви други симптоми, не го фаќал алгоритмот...
Во текот на ноќта го однеле во болница, утрината починал, тестот позитивен.
Бабата и останатите негативни. Бабата не спиела со дедото, била во швалерај :)
Да немале ковид, ќе си поживееле и ќе умреле понатака од некоја болест или несреќа.

Иначе вирусот на срцево слабите прави компликации. Може добил тромб во мозокот, инфаркт поради тоа што бил позитивен итн.

Иначе вакцинирањето од грип е толку мало и е секоја година зошто мутира вирусот. Со ковидов сосема друга е прикаската. Најверојатно ќе има две вакцинации со размак од неколку недели и тоа би било се.

А најголемата разлика пред се е ширењето поради асимпоматски случаи или па минимални скоро незабележливи симптоми.

Присутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Долгорочните ефекти се важни. Од грип страдаат бели дробови, од ковид сите органи.