Што повеќе читам, ќе испадне дека во Мк се појавил пред у Вухан да биде изеден лилјакот 
Ништо чудно да го имало во Вухан пред да го изедат лилјакот 
Еве еден статус од пријател од ФБ, се надевам нема да се налути што ќе му го „украдам“:
На што те наведува здравиот разум околу идејата дека корона имало во Македонија уште некаде во декември, бидејќи имало позитивен тест на жена која наводно починала на почетокот на јануари?
1. Едно од овие:
- Слабо подвижна жена од Велес, која имала толку малку контакти со светот што 4 месеци никој не ја побарал, го фатила вирусот пред некои 99,999% од сите досега заразени, како да била на шопинг на риба во Вухан
- Женава од Велес го добила вирусот пред Кина, и го пренела таму, можеби на шопинг на риба во Вухан
- Короната потекнува од некој ексцентричен космополит, кој од цел свет заразил слабо подвижна жена во Велес и пазарџии во Вухан. (За среќа на Македонија, космополитов кај нас заразил жена со минимални контакти со светот, па во Македонија допрва се прошири пар месеци подоцна)?
- Згора на тоа, во секое од овие сценарија, вирусот останал детектибилен 4 месеци по смртта (колку што контам ова не е баш веројатно, ама можеби грешам. Сепак, ова само ја смалува веројатноста на лудачките можности спомнати горе)
2. Или едно од овие:
- Се работи за лажен позитивен резултат
- Примерокот бил загаден по пат до лабораторијата
- Примерокот бил помешан со примерок од друга личност
- Одредувањето дека жената починала во јануари е погрешно - колку што контам, чист булшит е да кажеш во април дека некој починал на 6 јануари според степенот на распаѓање, кога немаш никаква идеја каква била температурата и другите параметри во станот