Ама ако утре те свирне инфаркт, а си позитивен, дојди мене убеди ме дека нема да одиш во црвената графа на worldometer.
Тоа дека има една цела листа причинители на пнеумонија или акутен респираторен дистрес синдром покрај covid-19 е друг муабет.
Па во која графа да иде?
Ај ти убеди ме мене, дека некој 40 годишен со проблеми со срцето - без новиов вирус не би терал уште барем 20...
И риалити чек: пнеумонија и акутен респираторен дистрес синдром се симптоми на Сovid-19.
Се разбира дека и други болести имаат такви симптоми... Ама кога тие болести полнеле болници со ваква брзина??
Мислам ај навистина, малку реализам и логика не би требало да бидат толку недостижни.
3.2 Му веруваме на Фергусон, дремеме дома со месеци сите до вакцина во 2022 ра (и ризични и асимтоматични и оние со благи симптоми), наводно ја ублажуваме кривата, економијата иде у тру лепе, а во меѓувреме доаѓа зима со апгрејдиран и мутиран Covid19 (сосема редовна појава кај вирус), ама овој пат ништи и старо и младо бидејќи вториве поради карантинот кој сега се случува немаат створено имунитет бидејќи не биле првично заразени... а повеќето од преживеаните ги ништи економска криза.
ОК, ова е веќе валидна теорија. И веќе се има случено со Шпанскиот Грип, вториот бран следната есен бил многу посмртоносен и убивал и куп млади луѓе (не само старци и болни). Тоа го објаснуваат со следното: Заразата прво почнала да се шири на фронтот (војна била нели, Прва Светска), и тие што полесно го поминувале вирусот останувале на фронт (не го ширеле надвор од рововите). Но тие што биле најтешко болните, со потешката форма од вирусот, нив ги носеле назад во градовите, во болници... И погоди што, баш тие го ширеле - полошиот облик - на луѓето во градовите. И затоа испоумреле толку луѓе.
Вообичаено ако го земеме за пример грипот, повеќе се шират полесните форми затоа што ги шират луѓе кои имаат благи симптоми и не се врзани за кревет. Потешките форми од грипот ги легнуваат луѓето во кревет и не се шират толку многу... Сето ова паѓа во вода со новиов корона вирус, затоа што многу луѓе го поминуваат асимптоматично и вирусот се шири многу бргу. Но окулу 20% од заразените имаат тешки последици а голем дел од нив и потреба од итензивна болничка нега... И затоа се потребни меркиве, како што веќе стотици пати се објасни.
На крају краева остави предвидувања и математички модели. Погледај ги дефакто бројките на умрени:
https://youtu.be/sz1bGzYdRdk?t=284 Колку и да оспоруваш одредени обдукции бројките покажуваат дека многу грешиш и тек следниве недели тоа ќе се види уште поочигледено... За жал.
