Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1822701 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
  • Бенве сие бенве
Мики паметно момче си

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Ќе треба да се сфати ситуацијата како свовидно ослободување од непродуктивното население.

Благодарам за одговорот. Секоја понатамошна дискусија е излишна.
Мислиш дека јас го имам измислено ова?
Човековата историја е полна со вакви примери ;D

Ете го и Трамп најверојатно игра на таа карта ;D

ПС
Треба да ја гледаш целата реченица, а не само извадокот што си го цитирал :)
https://youtu.be/XLGzFQg_1xc

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5233
  • The Spartan General
Мики паметно момче си
Сите се паметни за давање ум.  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7366

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Мики паметно момче си

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
Отишло "момче" за мене ;D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Сите ќе си седиме дома, ништо нема да работи од приватен сектор, државен секако не работеше многу многу и се ќе биде топ.
Вирусот ќе види нема народ по улиците и ќе си отиде веројатно, и некаде кај Јули-Август ќе испаднеме и ќе продолжиме да си живееме и се ќе биде како порано. Сме го заебале вирусот, на трпение сме го фанале ќе викаме.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7664
  • French diamond
Решението е да се да се затворат една недела сите дома, за тоа време да се истестираат сите луѓе и заразените да се изолираат, а другите да продолжат со нормално функционирање ..ама не е возможно тоа.
Кој знај кога и како ќе заврши ова лудило.

https://tocka.com.mk/vesti/338310/fejerstin-preduprediv-na-s-ova-sega-vrzete-gi-bezbednosnite-pojasi-i-podgotvete-se-za-najgolemata-ekonomska-depresija

Банките, политичарите и владите ќе ја префрлаат вината на Ковид-19 и така ќе ‘исчистат’ над 30 години фискален дефицит, несериозна монетарна полтика, измама и недостаток на регулаторна имплементација за себе и за другите.

На крајот, ќе се зголемат даноците, со што ќе ја ‘наплатат’ оваа злобна измама, како и несоодветната потрошувачка и ниски камати во последниве три децении.

Ковид-19 е едноставен начин да се ‘откријат околностите’ и тоа во време додека се наметнуваат вонредни законски мерки кои што им овозможуваат на владите да спроведуваат драконска социјална контрола во стилот на „1984“.
« Последно менување: 05 Април 2020, 12:44:30 pm n1kola »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Бидејки светот се соочува со вирус кој ги полни болниците, редно беше да се превземат мерки во обид да се исконтролира состојбата, односно да се заштити населението.

Истите мерки се неодржливи на подолг рок бидејки ќе создадат полош контраефект.

За да се прогласи пандемија во Март, вирусот веќе се ширел  барем еден месец порано. Да се сетиме што се случуваше во Јануари, Фебруари. Почнувам даа размислувам дека меѓу многуте грипосани имало и короносани.

Поентата е дека не е толку за паничење ситуацијта и дека најверојатно во еден убав сончев ден ќе треба да се сфати ситуацијата како свевидно ослободување од непродуктивното население за да се заштити продуктивната и детската популација.
Како ќе ги заштитиш со тоа што ќе ги исништиш „непродуктивните“ ?
Онда да не плаќаме зравсвено и пензиско ....

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Дени... еве мое скромно размислување..

1.Масовно тестирање за време на карантинов како што предлага Гупта од Оксфорд, а не овој паник мејкерот Фергусон.

2.Реална проценка на ситуацијата, степенот на заразеност и процент на смртност, а не читање worldometer.

3.Третиот чекор зависи од вториот:

3.1 Се враќа животот во нормала за сите освен за фактички утврдените ризични групи кои остануваат во карантин до момент на вакцинација. Во овој случај лоша страна е зголемената опасност од инфекција секако, ама добрата е што другиве ќе створат колективен имунитет околу ризичните и воедно (бидејќи биле во контакт со вирусот) ќе спречат негов камбек на есен/зима кој никој не гаранантира дека нема да се случи. Плус, економијата мрднува од дното.

.. или..

3.2 Му веруваме на Фергусон, дремеме дома со месеци сите до вакцина во 2022 ра (и ризични и асимтоматични и оние со благи симптоми), наводно ја ублажуваме кривата, економијата иде у тру лепе, а во меѓувреме доаѓа зима со апгрејдиран и мутиран Covid19 (сосема редовна појава кај вирус), ама овој пат ништи и старо и младо бидејќи вториве поради карантинот кој сега се случува немаат створено имунитет бидејќи не биле првично заразени... а повеќето од преживеаните ги ништи економска криза.

.. или..

3.3.Утврдуваме дека кривата е ублажена, смртноста е мала и се враќа се по старо и стискаме палци 2021 да биде подобра.

Ама..прво 1 и 2 мора да се десат...  бидејќи, знаејќи дека ова не може вечно да трае многу брзо ќе почне да се пропагира 3.3, a реалноста да е сосема друга.. односно..

https://www.theatlantic.com/health/archive/2020/02/covid-vaccine/607000/

« Последно менување: 05 Април 2020, 12:56:10 pm Stratro »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Бидејки светот се соочува со вирус кој ги полни болниците, редно беше да се превземат мерки во обид да се исконтролира состојбата, односно да се заштити населението.

Истите мерки се неодржливи на подолг рок бидејки ќе создадат полош контраефект.

За да се прогласи пандемија во Март, вирусот веќе се ширел  барем еден месец порано. Да се сетиме што се случуваше во Јануари, Фебруари. Почнувам даа размислувам дека меѓу многуте грипосани имало и короносани.

Поентата е дека не е толку за паничење ситуацијта и дека најверојатно во еден убав сончев ден ќе треба да се сфати ситуацијата како свевидно ослободување од непродуктивното население за да се заштити продуктивната и детската популација.
Како ќе ги заштитиш со тоа што ќе ги исништиш „непродуктивните“ ?
Онда да не плаќаме зравсвено и пензиско ....
Да се разбереме, не јас ;D

Да биде појасно, не сум од тие што велат дека е ова мачкина кашлица.
Но исто така не сум од тие што велат дека дојде апокалипса, барем според официјалните бројки.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Ако добро сфатив ранливите категории како хронични болни, асматичари, дијабетичари, имуносупресирани, трансплантирани, со прекумерна тежина, пензионери се тоа да оставиме да си умре и ко преживи причаче.

Интересен осврт на рбаотите. Исто како Луис ЦК погоре.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7664
  • French diamond
Тоа е тоа луѓе, мора некако да се најди начин да се продолжи со животот, некој (постарите) си има тргано на страна и можи да преживее и без плата што се вели 3-4 месеци, меѓутоа ние помладите немаме работено 30 години за да можиме сега 4 месеци да седиме дома и да чекаме нешто (крај на корона) што нема да се случи до крајот на 2020...мора да се изнајде начин за продолжување на животот со социјална дистанца, без концерти, митинзи и разни собири за се и сешто. Ете и италијанците како најпогодени најавуваат отворање на фабриките.


https://tocka.com.mk/vesti/338320/speranca-krizata-ke-zavrsi-samo-koga-ke-se-najde-vakcinata-dotogas-treba-da-se-sozdadat-uslovi-za-sozivot-so-virusot


И мене ми е страв од ковид, ама и ми е страв да останам без денар скршен.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Бидете јаки ајде, на таа пара, на тие коли и одмори имате за уште година дена минимум парички на страна освен ако не сте ГОЛИ КУЧИЊА НА КРЕДИТ :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10610
Бидејки светот се соочува со вирус кој ги полни болниците, редно беше да се превземат мерки во обид да се исконтролира состојбата, односно да се заштити населението.

Истите мерки се неодржливи на подолг рок бидејки ќе создадат полош контраефект.

За да се прогласи пандемија во Март, вирусот веќе се ширел  барем еден месец порано. Да се сетиме што се случуваше во Јануари, Фебруари. Почнувам даа размислувам дека меѓу многуте грипосани имало и короносани.

Поентата е дека не е толку за паничење ситуацијта и дека најверојатно во еден убав сончев ден ќе треба да се сфати ситуацијата како свевидно ослободување од непродуктивното население за да се заштити продуктивната и детската популација.
Како ќе ги заштитиш со тоа што ќе ги исништиш „непродуктивните“ ?
Онда да не плаќаме зравсвено и пензиско ....
Да се разбереме, не јас ;D

Да биде појасно, не сум од тие што велат дека е ова мачкина кашлица.
Но исто така не сум од тие што велат дека дојде апокалипса, барем според официјалните бројки.
хех, добро де не ти, како „тија“ ќе ги заштитат младите од „не продуктивните“
Ако добро сфатив ранливите категории како хронични болни, асматичари, дијабетичари, имуносупресирани, трансплантирани, со прекумерна тежина, пензионери се тоа да оставиме да си умре и ко преживи причаче.

Интересен осврт на рбаотите. Исто како Луис ЦК погоре.
Па онда и вакцини и медицина да укиниме во целост ? природна селекција, посилните нека преживеат ?