Дени... еве мое скромно размислување..
1.Масовно тестирање за време на карантинов како што предлага Гупта од Оксфорд, а не овој паник мејкерот Фергусон.
2.Реална проценка на ситуацијата, степенот на заразеност и процент на смртност, а не читање worldometer.
3.Третиот чекор зависи од вториот:
3.1 Се враќа животот во нормала за сите освен за фактички утврдените ризични групи кои остануваат во карантин до момент на вакцинација. Во овој случај лоша страна е зголемената опасност од инфекција секако, ама добрата е што другиве ќе створат колективен имунитет околу ризичните и воедно (бидејќи биле во контакт со вирусот) ќе спречат негов камбек на есен/зима кој никој не гаранантира дека нема да се случи. Плус, економијата мрднува од дното.
.. или..
3.2 Му веруваме на Фергусон, дремеме дома со месеци сите до вакцина во 2022 ра (и ризични и асимтоматични и оние со благи симптоми), наводно ја ублажуваме кривата, економијата иде у тру лепе, а во меѓувреме доаѓа зима со апгрејдиран и мутиран Covid19 (сосема редовна појава кај вирус), ама овој пат ништи и старо и младо бидејќи вториве поради карантинот кој сега се случува немаат створено имунитет бидејќи не биле првично заразени... а повеќето од преживеаните ги ништи економска криза.
.. или..
3.3.Утврдуваме дека кривата е ублажена, смртноста е мала и се враќа се по старо и стискаме палци 2021 да биде подобра.
Ама..прво 1 и 2 мора да се десат... бидејќи, знаејќи дека ова не може вечно да трае многу брзо ќе почне да се пропагира 3.3, a реалноста да е сосема друга.. односно..
https://www.theatlantic.com/health/archive/2020/02/covid-vaccine/607000/