Само што предупредување и потсетување на луѓето на потребните работи: пазење, внимавање, носење маска и заштитни наочари (по можност и ракавици) и генерално почитување на пропишаните мерки, тоа не е стварање паника.
Паника е бегање од карантин (идиотите што кршеа прозори и бегаа од болници), непријавување во болница иако имаат симптоми и патувале во ризичните држави, потоа купување палети тоалетна хартија (а јадат секој ден по буркџилници), и такви глупости.
Од друга страна има некој став демек за недигање паника, во превод шалабајзерство и собирање по кафиќи и паркови, а кога затворија кафичи/кафани продолжување со собирања во групи на Водно и седење по бензински пумпи. Се слушам и со познаници, некои целосно се лефтерни и се понашаат исто како пред пандемијата... Затоа треба што поскоро да се прогласи полициски час пошто многумина и после сите информации, или сеуште не се свесни што се случува, или се монументално глупи и ретардирани.
Апсолутно се слагам.
Значи нема потреба од никаква паника, но има огромна потреба од дисциплина!
Дисциплина е тоа што нам ни недостига и никогаш нема да сватиме дека тоа е клуч на успехот.
Ако сме дисциплинирани, тоа значи дека ке се прдржуваме кон препорачаните мерки.
За жал НИЕ не се придржуваме на ништо.
Од тој аспект најдобро за ваков народ како што сме ние да се створи паника, која што паника до некоја мерка ке створи свест за самозаштита. Но и тоа трае многу кратко, обично во првите 24 часа. Следна мерка е донесување вонредна состојба, која што како што видовме не вроди со никаков плод, напротив луѓето почнаа од досада да спортуваат, пошто очигледно им е предосадно...
Следно е полициски час, казни, апсења итн итн...
И тогаш повторно ке имаме тврдоглави кои имаат телефон и ке повикаат пријател или џокер.
И заради таквите не може да имаме тоа што треба да го имаме.
Дисциплина.