Од тој аспект најдобро за ваков народ како што сме ние да се створи паника, која што паника до некоја мерка ке створи свест за самозаштита. Но и тоа трае многу кратко, обично во првите 24 часа. Следна мерка е донесување вонредна состојба, која што како што видовме не вроди со никаков плод, напротив луѓето почнаа од досада да спортуваат, пошто очигледно им е предосадно...
Следно е полициски час, казни, апсења итн итн...
И тогаш повторно ке имаме тврдоглави кои имаат телефон и ке повикаат пријател или џокер.
И заради таквите не може да имаме тоа што треба да го имаме.
Така де, мислиш на стварање малку повеќе
страв во народот - страв кој патем е сосема оправдан.
Баш за таков страв зборував претходнава недела, дека треба страв кој ќе створи свест за самоодржување. Уште се памти и повторува пропагандата на СЗО за „недигање паника“ дека ова не е опасен вирус и дека помала смртност имал од обичниот грип. Многумина сеуште го повторуваат тоа, и има многу кои самоубиствено и ретардирано се однесуваат. Дури подоста и од постарите (кои се најранливи во случајов).
Ја жалам медицинската фела во наредниов период, кога ќе нагрне болен народ по болниците. Во Италија многу доктори и кадар им испоумреа, а велат најголемиот дел од починатите биле оториноларинголози... Овде нашиве ако не се обучени добро како се користи PPE опрема, може да биде и полошо од Италија (со недисциплинирани пациенти, и членови од фамилии што прават притисоци).
Полициски час е многу потребна работа во ситуацијава. Фирмите кои мора да работат, ќе добиваат дозволи за движење на вработените, сите други ќе мораат да седат дома. Се разбира дека ќе има куртони кои ќе ескивираат и ќе се вадат на „пријатели“ да не јадат казни... Но тие неколку проценти од луѓето се само мал дел, поголемиот дел ќе бидат заштитени со ваквите мерки.
И на крај фасцинантно е тоа што го кажуваш за спортувањето. Луѓево генерално се седентарни и пасивно, и поголемиот дел од времето седат дома на мобилни телефони и лаптопи/компјутери... Ама сега со пандемијава наеднаш сите добија желба да спортуваат. Јас редовно одам на Водно, и како што има луѓе на Водно во последниве недели/денови - ама баш никогаш немало. Иако ни жичарата не работи, сепак има многу луѓе. А ги гледам дека повеќето се нубови, дебели, пренаоблечени, немаат здив, седнуваат на секои неколку минути на земја да одмараат... Тоа се ваљда некои позитивни моменти од пандемијава, како опасноста да ги натера сега наеднаш сите да се сетат дека треба да почнат поздраво да го живеат животов. Само опасно е што не носат маски. А на кејот и по парковите се прават големи небезбедни гужви.
Фасцинантно. Но и неудобно (за мене), на десетина пати на искачување морам да ставам маска и наочари.
