Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1607291 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20211
Читаш апстракти од 10, 20-тина студии, а кога ќе најдеш нешто што те интересира или се однесува конкретно на областа која ја истражуваш - тогаш читаш цела студија. Некогаш и пиер ревјуа на студијата.

Поентата беше дека е малку лицемерно да прашуваш кој чита цели студии, додека ти самиот не читаш ни наслови а каму ли апстракти.

Значи бираш цреши што ја подржуваат твојата поента и само за нив читаш?

Не, тоа се нарекува истражување. Обиди се некогаш. А за чери пикинг прашај други, има овде подоста стручњаци за берење цреши.
Инаку гледам дека пак регресираш на еднореченични постови, а таман се понадевав кога во претходниот употреби две реченици (уште и сложена беше второта)

Истражување е кога читаш се и од се тоа носиш заклучок. Кога читаш само тоа што те интересира се вика бирање податоци.

Коментирање за карактерот на соговорникот не придонесува кон дискусијата.
Коментирање за количината на зборови исто така не придонесува ништо кога мојата поента беше докажана во 3 збора.
Обид за навреда од тоа дали сум успеал и сложена реченица да напишам исто така ништо нема да придонесе кон оваа дискусија.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Не не, јас ти одговарам конструктивно - како се истражува и ти укажувам дека имаш неконструктивен однос кон дискусијата.
Другото е декор. Тука ќе додам дека ништо конкретно онтопик не кажуваш во хх постови.

Продолжувајќи во муабетот за твоето непознавање како се истражува а што е бирање цреши, ќе ти укажам на фактот дека денес се објавуваат стотици научни трудови ДНЕВНО. Ако не правиш селекција што ќе читаш, ништо нема да направиш... Ова би го знаел и самиот ако било кога си истражувал некогаш во онлајн медицинските библиотеки како www.ncbi.nlm.nih.gov


@DarthJe5us Кажи му дека е во право пред да ни ги инфламира тестисите на сите овде, жити се.

Тебе ти останаа читави од сите тие илјадници часови преседани на седишта за точаци?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20211
Во право си дека има еден куп научни трудови секој ден, и повеќето од нив немаат поента. Но пак морам да кажам дека за истражување мора да се прочитаат сите глупости за одредена тема за да се види дали се поклопуваат низ повеќе трудови истите резултати. А и некогаш заклучоците може да не бидат убаво објаснети и да пишува дека од некоја одредена постапка има последици и зимаш да го читаш трудот и тоа е уствари 0.1% и одма друго значење добива заклучокот. Или понекогаш се истражувања кои иако се добро срочени немаат никаква поента како целина да се разгедуваат.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Затоа јас во уводот на тој пост, пред било што друго реков дека е потребно пошироко запознавање со истражувањата во таа област за да се добие увид во пошироката слика.

Јас не го негирам тоа (веќе повторувам по втор или трет пат) за добивање на поширока слика. Пошироката слика или разбирањето на како функционира една област (истражувачка, индустриска или општествена) не треба да се поистоветува со земањето за право за правење непроверени, неистражени коњукции, корелации или паушални изјави. Една работа е информирано мислење, друга работа е мислење базирано на емпириски факти, докази, мерења, експерименти и изразување интерпретација базирана на претходнонаведените извори на информации кои потврдуваат или негираат определена изјава/мислење/хипотеза. Знаењата на еден човек, големата слика, интерпретацијата и сите процеси поврзани околу самата човечка когниција се многу комплексна работа и никогаш не треба да се земаат здраво за готово.


Јас (како што ликови као Влатче љубат да ме цитираат) не сум ништо друго освен љубопитен ентузијаст. Ме интересира се и сешто, но посебно ме интересира се окулу имунитетот. Нека разбере кој како сака, но не се фалам кога ќе кажам дека имам подоста прочитано од оваа област. Ова што го реков за поврзаноста меѓу инфламациите со автоимуните болести, како и дека чести причинители на инфламации се вакцините заедно со храната и (не)квалитетот на животната средина... Тоа не е нешто што јас го „открив“ па сега овде го излагам. Тоа е често зборувана и дебатирана тема, има и многу научни трудови и студии, се зборува во подоста научни и медицински подкасти на нет. Кој ги следи работите би го знаел ова, но мнозинството овде не ги следите работите (барем не доволно) и не знаете.

Јас не верувам дека тука некој ти го негира ентузијазмот или твојата љубов кон истражување и читање на нови работи. Без разлика дали е наука, здравство, имунитет, (гео)политика, патриотизам, историја. Јас конкретно во овие два-три постови конкретно посочив работи од тие истражувања/научни работи дека презентираат работи многу поразлично од тоа што ти како ги интерпретираш или користиш во твојата аргументација. Понатаму, воопшто не негирам дека немаш прочитано многу работи, но тој факт тебе не те прави авторитет дека по автоматизам корелацијата што ја ставаш под капата на “поголемата/генералната слика“ е всушност точна. Колку што ме држи сеќавањето, со ставањето на самиот себена повисок пиедестал и даваш аргументи од позиција на авторитет кон “пошироката публика“ со споделување “разводнети“ линкови, е исто дел од т.н. заблуди.

Конкретно за автоимуните болести и најразличните форми на воспаленија, исто тука никој не го изнегира нивното постоење или спомна дека грешиш и за нив. Друго, претпоставките дека автоимуните болести, воспаленијата и нивниот придонес кон развивање на канцерогени/малигни заболувања се познати само во медицинскиот свет и никаде на друго место ти се погрешни. Автоимуните болести ги има со векови наназад и повеќето луѓе кои имаат таква болест, имаат блиски во фамилијата со таква болест, се повеќе од свесни за големиот ризик за добивање рак/тумор. Едноставно, не можеш да правиш претпоставки и конструкции само и единствено врз база на недостаток на напишани информации во одредена тема на одреден форум. Ако во слободно време читаш, разгледуваш, разглобуваш и анализираш научни трудови, голема е веројатноста да ја снема навиката за правење претпоставки врз база на недостаток на информации.


Тоа што реално треба да го увидите е дека јас со целиот мој лаички ентузијазам, сум многу повеќе спремен да дискутирам на оваа тематика од мнозинството овде - и дека (чест на исклучоците, ако ги има) мнозинството овде не се ни обидува да се едуцира повеќе за да има информирано мислење за работите како вакцинирањето, состојбата со Здравството, итн, итн. Се голтаат како локумче послужени работи од пропагандата по медиумите, и се одбива да се слушне се што се коси со створената општа илузија за незамарање.

Искрено, јас немам впечаток дека си спремен да дискутираш на оваа тематика околу овие истражувањата. Конкретно за истражувањата, ти недостатуваат основните вештини за анализа на податоци, информации и резултати во даден контекст без да паднеш на искушението да ги гледаш и анализираш резултатите од поинаков контекст, средина и еко-систем во кој тие истражувања се направени и се добиени резултати такви какви што се добиени. Понатаму, не знам дали имаш практични вештини од статистика, математика, математичка статистика и дискретни структури за да можеш да ги изанализираш податоците самиот и да видиш дали ќе дојдеш до истите заклучоци и сознанија од податоците презентирани во истражувањата. Не е тоа критика, туку реалност која сам ја признаваш (со други зборови, лаик си).

Друго, обрни повеќе внимание на начинот на кој се пишувани и аргументирани овие истражувања, и во нив никогаш нема да го забележиш твојот начин на аргументација кој го користиш тука на форумот. Никој од нив не прави инцидентни изјави и сомнителни врски помеѓу причина-последица, и особено не кога има недостаток на податоци и сознанија.

Трето, не можеш да оквалификуваш дека некој нема желба да се едуцира или да има информирано мислење само затоа што неговиот когнитивен модел, разбирање и слободно-временско едуцирање довело до различни размислувања, ментални модели и светоглед довеле до различни размислувања од твоите. Се што можеш да заклучиш е, дека има различни размислувања од твоите. Ништо повеќе и ништо помалку. Со внесување и користење на аргумент “јас сум многу поначитан“ само покажува слабост и немање аргументи особено кога се работи за интерпретација и разбирање на абстрактен систем како “македонското здравство“.


Ги читате целите научни студии ил само апстрактите и заклучоците?

Нормално целосно. Конкретно сите што ги пушти Ван во овие преписки ги прочитав.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20211
Прашањето повеќе ми беше за Ван ама нема врска, не сакав да читам постови ако се читаат само апстрактите и заклучоците.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Аиии шо стори бе Луки  :D.

Еве да го цитирам најважното од целиов пост  :D

Цитат
Друго, обрни повеќе внимание на начинот на кој се пишувани и аргументирани овие истражувања, и во нив никогаш нема да го забележиш твојот начин на аргументација кој го користиш тука на форумот. Никој од нив не прави инцидентни изјави и сомнителни врски помеѓу причина-последица, и особено не кога има недостаток на податоци и сознанија.

Цитат
Конкретно за истражувањата, ти недостатуваат основните вештини за анализа на податоци, информации и резултати во даден контекст без да паднеш на искушението да ги гледаш и анализираш резултатите од поинаков контекст, средина и еко-систем во кој тие истражувања се направени и се добиени резултати такви какви што се добиени.

Цитат
Понатаму, не знам дали имаш практични вештини од статистика, математика, математичка статистика и дискретни структури за да можеш да ги изанализираш податоците самиот и да видиш дали ќе дојдеш до истите заклучоци и сознанија од податоците презентирани во истражувањата. Не е тоа критика, туку реалност која сам ја признаваш (со други зборови, лаик си).

Иронијата е што во научни трудови (осовено поврзани со медицина) имаш претставување на многу информации при кои што целта е нели да се воспостави дали постои, во која мера, под какви услови причинско-последична врска врз основа на тоа што се тестирало во трудот да речеме.

Додека овде на форумов имаме дрско користење на тие информации за сопствени цели (полнење на лично его како индивидуа или па во голем број медиуми западни и источни ги користат за нивен личен бенефит/агенда, а тоа науката едноставно не го познава како начин на интерпретирање на информација со секоја друга намена освен онаа што е веќе воспоставена во трудот).

Финтава е што ван е проѕирен како стакло, човек со огромен број на предрасуди кон други луѓе особено од друга националност, вера и пред се вредности. И да, за такви како него науката нема место.

Затоа луѓе образувајте се зошто човек за да прочита научен труд треба само да е писмен, а писмени се скоро сите во денешницава. Проблемот настанува понатаму кога треба да ја увидиш целта на тој труд а тоа никако и под никои услови не подразбира користење за сопствени цели. Ако јас веќе во главата имам зацртано дека тие и тие вакцини предизвикуваат аутизам и најдам 10 научни трудови кои што на многу специфичен начин и услови воспоставиле некаква врска помеѓу нив, тоа сепак неможе човек со здрав разум да го земе како чист факт и да шири лаги и пропаганда .Затоа научните трудови се толку специфични што скоро никогаш не е можно да се донесе генерален заклучок за многу генерички прашања како  на пример дали вакцините се штетни, дали масти од животинско потекло се лоши по здравјето, дали гмо е штетно итн.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Вакцините да речеме дека се безбедни,и не предизвикуваат аутизам како крајна состојба,па од што тогаш сите тие деца дошле до тоа?Зарем сите тие сведочења на родителите дека баш непосредно по примањето на вакцината им се јавуваат тие симптоми не се издржани,само валидни се студиите каде што викаат дека вакцината не придизвикува аутизам?Или тие се колатерална штета и ризикот,како што слушав на една дебата за вакцините,го превзема државата?Не бре,државата,зборам за нашата,не превзема ништо,се е оставено на родителите сами да се снаоѓаат како знаат и умеат.Толку од грижата на државата.А муабетите дека да,ниеден лек не е безбеден,па и вакцините,лесно е да се пишат од компјутер кога не си имал таков случај,па уште на тоа да ти кажуваат дека вакцината е безбедна.
Крај краева,може некои од децата имаат предиспозиции да станат аутистични,или да им се појави друг проблем,ама без сериозни истражувања за состојбата на децата,и ризикот од несакани последици од примање на вакцина,и крајно,производство на ултра безбедни вакцини,антиваксеризмот нема да изумре,колку сакате сметајте ги тие родители за ретардирани и глупаци.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Морбили убиваат.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
исто и вакцини

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Исто и кикирики

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20211
Јас не знам некој што дишел воздух, а не умрел.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Што е алтернатива за пеницилин?

?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Мислам дека треба да се направи испитување на кои антибиотици е алерична личноста, па потоа да се одредат алтернативите кои би можеле да бидат соодветни за одредени бактериски инфекции. Не секоја бактериска инфекција се лечи со ист антибиотик.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Данќешон
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Решавајте ја побрзо, утре е понеделник ќе се вратат дечките што се на државно и пак од почеток.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk