...
Вака, не идеше ред да седнам на пц и да пишам на форумов...

Да не Ве цитирам сите, ке пишам овака. Малку подолг пост, извињавајте.
Најпрво благодарам на сите за одговорите. Па вака:
Искрено немам намера да одам кај некои такви надри лекари, пошто сите се прават дека знаат и може да те сјебе уште толку. Барем за овие работи што се осетливи многу не одам кај никој, со исклучок на еден роднина што беше спортски масер, само него му верувам.

Одев по терапии во физикално, се акав 20 тина дена таму. Остај тоа што ми собраа 50 тина евра (ајде за здравје нека оди налет се...), немаше фајде ништо. Одам таму, струја пуштаат и ако можам да го наречам тоа масажа... Исто како некој да ми чисти прашина од грбот беше тоа. Побарав кај докторката да се снимам на магнетна, па за некоја среќа добив термин за "брзо" (за месец дена, така да ке одам на 15 Март во Штип да се снимам), па да видиме што ке каже таа снимка.
Истотака, од кога имав јаки болки отидов до Струмица, кај Шенка. Жената пред мене има исправено двајца луѓе што не можеа да излезат од колата 10 мин. Отидов пошто знам дека ако не е за кај нејзе, она не те фаќа. Ми рече дека не сум за кај нејзе, туку дека сум воспален од промаја.
Наредно, отидов кај еден човек во Росоман, Димо се вика човекот. Рекоа демек нешто биоенергија што ти знам, иако јас ниту малку не верувам во тие работи, решив да отидам, бидејќи баба ми ја носев претходно таму. Бев, човекот ме триеше и ме местеше и можам да кажам дека уште првиот пат бев подобар. По недела дена бев уште еднаш и ми рече после месец дена ако сакам можам да отидам пак.
Да не се подречам еве, моментално сум добар и немам болки. Инаку, ми дадоа од лекар некој си корсет (го платив 990 денари) и го носам кога сум на работа за да ме држи стегнат во кичмата.
Насабајле и навечер правам вежби за загревање а исто и преку ден некогаш.
Засега е тоа, па ке чекам да дојде 15-ти да видиме снимката ако каже нешто.
Поздрав, Бошко.