Друже Луки, не е проблем прифаќање на различно мислење. Проблем е прифаќање на твојот пристап од позиција на некаков авторитет во муабетов. Јас го почитувам твоето мислење, но нема да го земам здраво за готово како единствено можно гледиште за реалноста. За да дојдеме до некој заклучок на муабетов мора да се задржиме на факти. Tвоето животно искуство е за почит (како и сечие), но пополнувањето на даночни пријави во САД не е искуство кое наеднаш те прави авторитет за социјалните политики таму. Впрочем овде никој не е авторитет, едноставно муабетиме и го „мериме“ кажаното.
А од тоа што е кажано, поголем показател (од твоето пополнување даночни пријави) за општиот став кон социјалните политики е гласањето на луѓето за Трамп - кој се декларираше против социјализација на здравството. Сеедно дали тоа е популизам, и сеедно дали Трамп е витезот на бел коЊ кој ќе ги спасува белите Амери. Гласачката база на Републиканците е работниот народ, претежно од континенталните и руралните делови на САД. Гласачката база на Демократите e сиромашната популација од големите градови на крајбрежјето. Двете партии продаваат популизам.
Ама ние сега не зборуваме за Демократите и Републиканците, и не зборуваме за Трамп. Зборуваме за ставот на луѓето кон социјализацијата на здравството. А ставот на работниот народ е ПРОТИВ. Никој што живее од работа не сака да плаќа за џаболебари. Воедно секако дека џаболебарите се ЗА социјализација на здравството.
Другар, јас самиот не се сметам за авторитет, па уште помалку очекувам некој друг да ме перцепира како таков. Јас не сум авторитет за социјални политики, јас и да сум исполнувал услови за социјални бенефиции и олеснувања, никогаш нема да ги добијам. Јас не сум државјанин на Америка па да ми дава државата на мене помош. Но, знам како се добиваат и како функционираат, затоа што сум бил во ситуација да разберам како се аплицира за нив, како се добиваат, и на кој начин функционираат. И во центарот на сите тие работи е нивното УЈП или IRS. Без него не добиваш ништо.  Па така малце даночната пријава и олеснувањата, муабетот ми е, си има таму графи за даночни олеснувања, за враќање дел од парите, за добивање социјална помош, за добивање food stamps, и слични други социјални мерки. Со други зборови, мораш да работиш и плаќаш даноци за да добиваш социјална помош. Ама тоа не го пишува никаде на интернет, ниту па ги интересира овие новинариве, блогерите, инфлуенсерите, аналитичарите, пошто сите коментираат од високо и со муабети со “суштинско и стратегиско значење“ за насоката во која се движи социјалната политика на Америка. Но ако ги знаеш тие информации, и што и како се добива социјална помош, социјално здравство, и сите други социјални бенефиции ориентирани за сиромаштијата. 
Дали компаниите плаќаат за здравство, или работниците со работење посредно плаќаат за здравство со тоа што ги овозможуваат компаниите да заработуваат (и да плаќаат за здравство)... На крај не се сведува на исто? На страна сите даночни маневрирања на компаниите за кои зборуваш, непобитната поента на податоците од графикот е дека парите кои се одвојуваат за здравството во САД е дуплицирана и триплицирана. 
И се разбира дека јас не мора да сум правник специјализиран за Обамакер, за да правам муабет на таа тема. Пошто ако не ајде да го затвориме цел интернет, веднаш. И се разбира дека не мора детално да знам се за Обамакер, за да знам дека во основа е се работи за социјализација на здравството. А јас, исто како и мнозинството Амери (или Македонци), ако можам да бирам - тогаш нема да одберам да плаќам и за другите. 
Во спротивно и ако зборуваме за социјализам и комунизам, тогаш ајде да збориме за целосно укинување на приватната сопственост. Зошто да се задржиме само на здравството? 
Зошто само работниците да плаќаат за џаболебарите? 
Можеби затоа што најбогатите сакаат да останат најбогати, па ги користат џаболебарите за да ги контролираат и работниците (и џаболебарите)? Раскарај ги луѓето, раздели и владеј.
Другар, пак ништо не си разбрал за ACA, ниту пак си разбрал како оди осигурувањето, како се купува,  и што тоа значи за побогатите и посиромашните, а зборуваш за социјализација на здравството. Ако зборуваш за социјализација на здравството, барем прочитај и научи се како се купува здравствено осигурување во САД и какви опции постојат кога купуваш здравствено осигурување. Исто не знаеш, или не сакаш да знаеш што стана после доаѓањето на Трамп на власт со цените на здравственото осигурување, само затоа што Трамп дојде на власт.  Претходниот пат не ти спомнав ништо за изворот на графиконите и пробав да те мотивирам да прочепкаш малце за парите, цените, и како всушност секој си ја финансира неговото здравствено осигурување, ама џабе. Затоа овој пат ќе бидам подиректен.  
Имам неколку прашања за тебе како човек кој сака да чита, размислува, и има свое јас (и не, не го кажувам саркастично, туку го зимам здраво за готово дека си таков човек): 
1. Погледни кој е изворот на графикот кој си го постирал. ZeroHedge. Кој е бе другар ZeroHedge? Да објаснувам јас на драгата форумска публика која ја замараме со нашите преписки, кој е, или ќе имаш доблест сам да им претставиш за каков блог се работи? Или ќе си премолчиш, затоа што произведува написи извадени од контекст, кои ги поддржуваат твоите тези и заговори? 
2. Дали ги прочита статиите од МајамиХералд за поскапувањето на премиите за осигурување од 50 проценти откако доаѓа Трамп на власт и со неговото торпедирање на АСА во секој можен момент? Од таму доаѓа и едниот график објавен на ZeroHedge, кој во основа исто е анализа на некоја нон-профитна корпорација под името Кајзер Фемили. Затоа што ZeroHedge во нивниот блог пост зборува за нагло покачување на цените, ама не кажува од каде и зошто. 
3. Дали разбра кој ги диктира цените на полисите за здравствено осигурување во Америка? (хинт, не е државата). 
4. Што се случува со цените на полисите за здравствено осигурување, кога Трамп со негов мандат или executive decision ги укина сите даночни олеснувања за едните и другите, освен за осигурителните корпорации? Дали наеднаш корпорациите ќе се откажат од профитот, или ќе ги дигнат цените за полиси сврзани со АСА? Ама нели, размислување на таков начин нема да има бомбастичен ефект како работници кои ги уриваат социјалната помош на џаболебарите. 
Другар, Америка е една голема корпорација. Таму нема социјална правда. Таму нема ни правда. Се што може да се дерегулира, се дерегулира. Вклучително и здравствената заштита и осигурувањето. Далеку е Америка од Социјализам, а уште подалеку од комунизам. Затоа си стојам јас на зборот, иди поработи во тој посуров капитализам, остани сам на себе, и ако имаш дебел врат како што сакаш да презентираш тука дека имаш, ќе научиш некои работи многу подобро и побрзо од читање на интернет. Тоа е искуство што му го препорачувам на секој, како благослов. Затоа што колку повеќе работи и искуства имаш од други поуспешни луѓе, држави, општества, толку полесно ќе биде да си го подобриш своето катче, народ и држава. 
пс. Комплетно се согласувам со тебе, околу џаболебарите.  
