И на толку пазење и ставање маска при прошетки на Водно успеа да се заразиш?
Немој да се лутиш, само малку боцнувам 
Не сум толку неразумен човек па да не можам да се соочам со фактот дека лоши препораки беа тие за носење маски надвор.
На времето со работите кои тогаш беа познати, ни тие мерки не беа неразумни. Кога не си сигурен подобро да си претпазлив, така барем јас размислувам.
Сега кога се познати повеќе научни сознанија и аргументите се против маски надвор, зошто да ги игнорирам фактите?
...
Помина времето кога можеа да ја спречуваат заразата (уште првите неколку месеци од почнувањето на пандемијата).
Сега веќе нема логика да биде задолжително 3-та бустер доза, туку само препорачано за ранливите категории.
Ова сега што се случува во светот не од научни или медицински причини.
Вакцинирање, да. Ама злоупотреба и правење медицински апартхејд со ad nauseam континуирано вакцинирање, eпа тоа дефинитивно не е во корист на луѓето.
едит:
Како заболеа со 3 та доза или прележани со 2 дози ?
Локален имунитет рееба за да не заболиш.
Лично знам вакцинирани луѓе (со Фајзер), заразени (симптоматски) двапати во иста година, некои и три пати.
Многу нелогични работи има со вирусов. Не е во група вируси кои треба да се во можност толку бргу да се менуваат/мутираат... Па дури и грип по еднаш годишно се закачува, а инфлуенца е еден од најбрзо менувачките вируси. Далеку побрзо менувачки од коронавирусите.