Колку што знам, во Шведска, и не само во Шведска, политичарите носеа одлуки во консултација со научниците.
Не им текна тукутака на политичарите на разноразните здравствени протоколи.
Јас уште тогаш кога прокламираше носење маски на отворено при разминување ти укажав дека е нонсенс.
Така и ова истражување што си го прочитал е некако климаво и тоа од 2 аспекта.
Прво, однапред се знаеше дека ефикасноста нема да биде на првобитното ниво поради мутацијата на вирусот.
Второ, никогаш не прочитав дека со вакцината се постигнува доживотен имунитет.
Затоа велам дека за да се добие реална слика за состојбите најблиска споредба е грипот и вакцините против него.
Единствен одговор сега засега е било каква вакцина за да се прогура периодов бидејки никој не е сигурен на кој начин ќе се избори при евентуално заразување.