Совети дава доктор, не физиотерапевт-масер.
Струја не смее да ти става.
Не, доктор ти дава дијагноза (правиш ренген, магнетна...) , а совет за вежби ти дава физиотерапевт.
Струја, не дека ме уклучи на акумлатор па не знае што прави. Дечкото е профи и точно знаеше што прави. Имам подобрувања, но и по негов совет ќе морам да одам на снимање.
Не, доктор ти дава совет, вежби, медикаменти како и се што се подразбира под терапија. Можеби треба да пиеш одредени лекарства или да се направи дополнително испитување пред да се продолжи со вежби, струја, масажа итн.
Физиотерапевтот ја спроведува терапијата која ти е препишана од доктор (вежби, масажа итн).
Глорифицираните масери не знаат дали позади твојата болка се крие скршеница, повреден нерв или мал милион други болести за што треба да те прегледа доктор физијатар пред да добиеш терапија. Физијатарот можеби ќе те препрати и кај ортопед, невролог или било кој друг специјалист, кој треба да те прегледа за да добиеш издржано медицинско мислење.
Физиотерапевт или глорифициран масер, коинцидентно може ќе ти помогне со масажа, а може и ќе те зезне за после тоа докторот да не може да ти го реши проблемот.
Впрочем, и масерот ти рекол дека ќе треба да одиш на доктор.
Sent from my iPhone using Tapatalk