Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1809090 пати)

Присутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5747
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
I jas planiram edna poseta.
Nesto slusnav deka mora snimka da se ima,  tocno e?

Jas konkretno so vratot imam nekoj problem.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 541
Никакви снимки не мора да носите. И да однесете нема да ги погледне, сам поставува дијагноза и тоа само со допир. Човекот е чудо, им помогна на еден куп блиски луѓе, а мене веќе доста време ме „одржава“.
Само да знаете дека не работи со постари од 50 години.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1903
  • Opel Astra 2.0 DI
Што ти беше те управија ли?

Мајка ми веќе 4 месеци мака мачи со кичмата, и се фати нерв кој иде од грбот, до ногата, и десната нога и се кочеше, ја стегаше во огромна болка.
Бевме кај Шинка во Струмица, рече дека не е случајот за кај неа, претходно на доктор добивме совет да мирува, Мовалис инјекции примаше, па по препорака на доктор идеше на физикална, и ништо од тоа не помогна.
Кај Туран прв пат кога бевме, пред 7 дена, по масирањето, мајка ми прв пат, по 4 месеци можеше да оди без кривење. По вториот третман, уште полесно и беше.

Денес, бевме на трета сеанса, ако може така да се каже, и сега веќе чувствува многу минимални болки, но од случај на кој му се закануваше итен хирушки зафат, со промашена дијагноза, до некој кој има само минимални болки заради долготрајноста на уклештувањето на нервот, е мало чудо.

Дур чекав на ред со мајка ми кај него, на столче до кое што стоев седеше жена која беше во многу полоша состојба од мајка ми, не можеше да оди без помош ради кичмата. Ја седна Туран кај него на маса, и го намести грбот, и ја праша, што и кажале за кревање на потешки работи.

Жената рече, ништо потешко од 5 кг. И рече, крени го детето што е во ходникот, кое и не е баш дете, сигурно имаше над 40 кг.
Жената во шок од тоа што и кажа да направи, и не верувајки дека може да го крене, се обиде, и го крена, без да почувстува било каква болка.
И се насолзија очите од радост.

Али ајде, тоа не е се.
Веќе година и пол имам проблеми со нозете, иако никогаш претходно немав скршеница на било која нога.
Почнаа екстремно да ме болат двете нозе на истото место, точно на средина меѓу коленото и зглобот, малку зад коската. И тоа екстремна болка, кога правам чучњеви, преоѓа во екстремна болка. Ке се случи да ме удри топка на едно од тие 2 места, и не можев да застанам на таа нога за 2-3 минути од болка.

Бидејки синоќа играв фудбал, сабајлето ме болеа нозете, и дур чекав кај него со мајка ми, се фатив за двете нозе да се измасирам, зашто по мала масажа ме попушта болката.
Он ме видел дека го правам тоа, ама ништо не ми кажа.

Влегов со мајка ми за третман, и откако заврши со неа, ми вика, што ти е со нозете? И му кажав дека најверојатно, порано што сум јадел ќотек на фудбал, сега ме болат нозете. Му кажав дека ми е малку чудно што двете нозе ме болат на идентично место.
Имено, заборавив да кажам дека по подолго стоење, знаеше често да ме здоболи кичмата во подолниот дел.

Ми вика, знаеш дека тоа ти е од кичмата, што те болат нозете? Прво ми се виде неверно.
Побара од мене да легнам на масата, и директно од прва ме стисна на местото каде што чувствувам болка по подолго стоење.
Нема да лажам, очите ми се насолзија од болка, иако не ме болеше воопшто пред да легнам на масата.

Ми кажа дека кичмата ми е во лоша состојба, точно ми кажа зашто ме болат нозете, ми кажа дека препоните знаат да ме здоболат, што е точно, ми кажа дека често ми се случува да станам од спиење уморен што е точно, иако сум спиел 8-9 саата, и дека понекогаш имам проблем со дишење, што е точно.

Ми го намести третиот пршлен од горе надолу, кој знаеше да ме зеза кога ке седам на нешто пониско, пониско столче без наслон, табуретка и сл.

Човекот не бара пари се дур не почувстувате дека видно ви е подобро. Воопшто не е скап, човекот е либерте, шегаџија. Ведар и искрен човек.

У вторник сум пак кај него, ке мора уште 2 пати да одам за да се среди ова со кичмата.
Леле јас сум само за кај него веќе 2 месеци се мачам со болки во половината одам на физикална и по доктори ама слабо не поминува и болката ми е само на тоа едно место измеѓу 4 и 5 от пршлен......Сакав да одам до кај шинка ама не е лошо и кај овој Туран да отидам......Како работи од колку до колку се закажува ли?

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
За вакви работи одете и кај Ристо во село Богородица- Гевгелија.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
Исто и кај Али во Ново Лисиче.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Исто и кај Али во Ново Лисиче.

Велат брат му од кондово е подобар, може и во чаршија да го најдат.
Не ја знам баш точно локацијата еднаш бев со колегата за него.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7108
И едниот и другиот се ок. Али успеа кај мене комшија кој имаше фатено нерви и ткиво во пршлени кај кичмата од кои имаше ужасни болки и 2 месеци неможеше да стане од кревет, кога дојде али, со 2-3 зафати, му ги ослободи ткивата од пршлените и човеков одма стана и прооди без никаква болка после 2 месеци.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1903
  • Opel Astra 2.0 DI
Јас сега чекам за магнетна да ме снимаат и ќе знам точно што е па според тоа и ќе видам каде да одам.....Инаку на обична снимка не се гледа баш добро што е и како е, еден доктор вика имаш остеофити (шилци) помеѓу 4 и 5 от пршлен друг што ја гледаше вика нема врска не е тоа и ај сега  ;D а мене ме боли нон стоп 2 месеци половината, ни физикална помага ни ништо.....

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Незнаев кај да го поставам прашањево, да не знае некој каде може да се извади лекарско уверение за полагање за Б-категорија најбрзо и најевтино во Скопје, јас вадев пред 7 години во медика плус, ама закажувале сега бидејќи имале гужви, а ми треба за утре за колега да отиде и да извади.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Јас сега чекам за магнетна да ме снимаат и ќе знам точно што е па според тоа и ќе видам каде да одам.....Инаку на обична снимка не се гледа баш добро што е и како е, еден доктор вика имаш остеофити (шилци) помеѓу 4 и 5 от пршлен друг што ја гледаше вика нема врска не е тоа и ај сега  ;D а мене ме боли нон стоп 2 месеци половината, ни физикална помага ни ништо.....

Лекот за шилците се наоѓа во терапијата во Катлановска бања. Пиши ми ПП да ти дадам детали ако те интересираат.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30617
    • CARclub.mk
Јас морам да ги пофалам физотерапевтите во одделот за физикална терапија во Воена Болница. Ме средија целосно со 10-те препишани третмани. Имам full range of motion во раката повторно и болки генерално немам.
« Последно менување: 23 Мај 2014, 10:32:21 am zeroSignal »

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Чим не осечаш болку у реду је!
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30617
    • CARclub.mk

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
За кај нас не треба лекари. Само еден видовит човек треба, што би рекол колегата мој. И онака поише он ке види одколку нашиве специјалисти.

Додавам уште еден голем + за физиотерапефтите од Воена Болница. И јас имам позитивно искуство со истите :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Re: Здравје, медицински установи, опрема и стручнос
« Одговори #824 на: 26 Јуни 2014, 20:25:50 pm »
Два саата до сега сме во градска болница и веројатно е дека ќе бидеме најмалку уште еден за работа која во нормални земји се завршува за половина час.