Што ти беше те управија ли?
Мајка ми веќе 4 месеци мака мачи со кичмата, и се фати нерв кој иде од грбот, до ногата, и десната нога и се кочеше, ја стегаше во огромна болка.
Бевме кај Шинка во Струмица, рече дека не е случајот за кај неа, претходно на доктор добивме совет да мирува, Мовалис инјекции примаше, па по препорака на доктор идеше на физикална, и ништо од тоа не помогна.
Кај Туран прв пат кога бевме, пред 7 дена, по масирањето, мајка ми прв пат, по 4 месеци можеше да оди без кривење. По вториот третман, уште полесно и беше.
Денес, бевме на трета сеанса, ако може така да се каже, и сега веќе чувствува многу минимални болки, но од случај на кој му се закануваше итен хирушки зафат, со промашена дијагноза, до некој кој има само минимални болки заради долготрајноста на уклештувањето на нервот, е мало чудо.
Дур чекав на ред со мајка ми кај него, на столче до кое што стоев седеше жена која беше во многу полоша состојба од мајка ми, не можеше да оди без помош ради кичмата. Ја седна Туран кај него на маса, и го намести грбот, и ја праша, што и кажале за кревање на потешки работи.
Жената рече, ништо потешко од 5 кг. И рече, крени го детето што е во ходникот, кое и не е баш дете, сигурно имаше над 40 кг.
Жената во шок од тоа што и кажа да направи, и не верувајки дека може да го крене, се обиде, и го крена, без да почувстува било каква болка.
И се насолзија очите од радост.
Али ајде, тоа не е се.
Веќе година и пол имам проблеми со нозете, иако никогаш претходно немав скршеница на било која нога.
Почнаа екстремно да ме болат двете нозе на истото место, точно на средина меѓу коленото и зглобот, малку зад коската. И тоа екстремна болка, кога правам чучњеви, преоѓа во екстремна болка. Ке се случи да ме удри топка на едно од тие 2 места, и не можев да застанам на таа нога за 2-3 минути од болка.
Бидејки синоќа играв фудбал, сабајлето ме болеа нозете, и дур чекав кај него со мајка ми, се фатив за двете нозе да се измасирам, зашто по мала масажа ме попушта болката.
Он ме видел дека го правам тоа, ама ништо не ми кажа.
Влегов со мајка ми за третман, и откако заврши со неа, ми вика, што ти е со нозете? И му кажав дека најверојатно, порано што сум јадел ќотек на фудбал, сега ме болат нозете. Му кажав дека ми е малку чудно што двете нозе ме болат на идентично место.
Имено, заборавив да кажам дека по подолго стоење, знаеше често да ме здоболи кичмата во подолниот дел.
Ми вика, знаеш дека тоа ти е од кичмата, што те болат нозете? Прво ми се виде неверно.
Побара од мене да легнам на масата, и директно од прва ме стисна на местото каде што чувствувам болка по подолго стоење.
Нема да лажам, очите ми се насолзија од болка, иако не ме болеше воопшто пред да легнам на масата.
Ми кажа дека кичмата ми е во лоша состојба, точно ми кажа зашто ме болат нозете, ми кажа дека препоните знаат да ме здоболат, што е точно, ми кажа дека често ми се случува да станам од спиење уморен што е точно, иако сум спиел 8-9 саата, и дека понекогаш имам проблем со дишење, што е точно.
Ми го намести третиот пршлен од горе надолу, кој знаеше да ме зеза кога ке седам на нешто пониско, пониско столче без наслон, табуретка и сл.
Човекот не бара пари се дур не почувстувате дека видно ви е подобро. Воопшто не е скап, човекот е либерте, шегаџија. Ведар и искрен човек.
У вторник сум пак кај него, ке мора уште 2 пати да одам за да се среди ова со кичмата.