Имам 5 другари, тие имаат уште 5 да речеме. Сум се видел со 4 во последните 7 дена, ти си се видел со 4. Веќе 10 луѓе сме се измешале ако некој бил болен од нас. 50 луѓе има во кафичот што го направиле истото, сме стигнале до 500 луѓе во еден локал што се измешале. Келнерите се тука што секој ден се гледаат со безброј луѓе и маските кој како ги носи, и да ги носи правилно не му гарантира дека и тој нема да се разболи.
Замисли да не идеш во кафич, и да не правиш слични непотребни а ризични работи, а со другарите кога ќе се гледаш - или да носите маски или да се гледате на отворено со држење растојание?
Скоро гарантирано дека никој нема да се разболи, или ако ништо друго барем нема да се преполнуваат болниците. Вака што се ќе случи сега? Како што снемува места по болници, како што ќе расне бројот на починати, така полека идеме кон полициски час. И баш тоа ќе се случи, наскоро.