Bili edinstveno se grizi za svoj dzeb i svoj ideali i status.Go zabole nego za svetot.
Ова е апсолутно погрешно, Имал чоекот и пари и статус и све, уште многу одамна. Тоа што го прави во моментов со своите пари и што ги троши за филантропија, ретко кој може да го разбере и мисли дека има некои „бизнис позадини и игри“. Но, тоа е апсолутно неточно. Он своето стекнато богатсво решил да го потоши за добробит на човештвото.
Да не дрвам многу, ако сакате повеќе да прочитате за работата на BMGF, може да почнете од wikipedia:
https://en.wikipedia.org/wiki/Bill_%26_Melinda_Gates_Foundation па потоа на нивниот сајт да најдете повеќе информации:
https://www.gatesfoundation.org/ и секако, пошто џебот им е до небо полн, имаат креирано и инциајтива, богаташите да се одречат од (голем) дел од своето богатство во добротворни цели:
https://en.wikipedia.org/wiki/The_Giving_PledgeВеројатно е тешко да се замисли во нашево опркужување на покондурени „шлепер на граница“ транзициони богаташи дека некој може да се откаже од богатството за добри цели. Кај нас, цркви праат и манастири, за да бидат запамтени... Меѓу другото, еден од главните протагонисти на вакцините против полио, со огромен успех, и на прагот да се ослободи светот од оваа опака заразна болест.
http://polioeradication.org/, интелигентни начини на прибавување чиста вода во неразвиените земји, паметни начини на обработка на земја и производство на храна итн.. неговите пари, паметно потрошени помагаат на светот.
Дали купил куќа со поглед на океан, дали со јахтата се шетал по хрватски острови, дали вози Alfa GTV од 70-ти години, мање битно. Истото ќе го прави и со 10 милијарди што ќе му останат на крај, и со 100 милијарди што сега ги има. Влакно нема да му недостасува на неговиот луксузен живот кога ќе се ослободи од 90% од богатството. И, за разлика од многу богаташи (посебно на овие бедни екс комунистички простори), него му е тоа сосема јасно.