Многу глупости изнашишани во темава...
Не е само до докторите, не е само до персоналот. Ако делиме во проценти 60 % е до медицинскиот персонал и докторите, 30% е до организација (тоа вклучува и плата) и 10 % е до пациентите..
Зошто 60% е до персоналот...Па немате прилика толку да се движите по болниците како што имам јас...Луѓето кои се неодговорни си се однесуваат секаде така, дали работат у државна или приватна институција, само што се добро маскирани...
Докторите во приватните клиники мораат да работат зошто прво имаат солидни услови и хигиена, добра плата и работат повеќе пациенти пошто добивааат + заради изработените пациенти...
Хигиена налага газдата на приватната клиника заради имиџот!!!
Ги плаќа докторите и им дава бонус повторно заради неговиот имиџ, а не заради тоа што докторот го сака многу...Докторот му е само магнет за пациенти, а него пациентите му носат пари...Немојте да мислите дека многу многу има стручњаци по приватните клиники...Да, има, но не до толку многу...Можеби сите оние пензионирани кои немаат право да работат во државна институција, па сега се во приватна, па ради реномето и долгогодишното искуство и стручноста ради тоа, имаат пациенти, односно му носат на газдата каде што тезгаат...
Какко прават пари...Еве еден најпрост пример...
Доаѓаш на лекар...Викаш дека си паднал од точак...
Као у стилу не ти е ништо но те боли рамо...И нормално одиш одма, знаеш дека нема да чекаш (фиктивно), и ке добиеш услуга од приватник...
Прво влагаш на преглед, докторот ти вика дека си Ок, ама мора ренген да се направи...Со снимката ке се вратиш кај него...Правиш ренген, 800 денара (80 со плаво картонче), чекаш половина час и влегуваш кај докторот...Ја гледа снимката и ти кажува дека е добро се, но, постои голема веројатност да ти е повредена рскавицата а тоа не се приметува со обична рентгенска снимка, и нормално пожелно е да се направи компјутерска томографија за да евентуално не се искомплицира работата за понатаму...Пошто можно е да има нешто а тоа се гледа на КТ...
И си викаш, а бе за здравје не се штедат пари и оп 100 и кусур евра ке си почекаш и ке направиш компјутер...Одиш пак кај него...
Го гледа компјутерот, вика добар си...но сепак јас би ти препорачал следново...Ке пиеш бла бла бла (витаминиве), ке ставаш ладно, ке правиш ова, нема да се оптеретуваш...
Обавезно контрола за недела дена бидејки на компјутеров коските ти се супер, ок е се, нема голема повреда...Единствено ке обратиш внимание кога ке ја мрдаш раката, да не има некој лигамент повредено, ако имаш болки да видиме одма ке дојдеш...
Немој да чекаш пошто тоа е опасна работа...
И си одиш прво со олеснување дека немаш видно оштетување, а со страв и напнат за недела дена што ке се случува додека да отидеш на контрола...И нормално сугестивно од коментарот на докторот шансата да почне нешто да те боли мутаво, ке биде постојано присутна...
А реално удрено место, набиено, боли.
По недела дена одиш, и му кажуваш што и како на лекарот, и он ти вика ОК е се, не се плаши, но за 100% сигуни да сме, и да не ризикуваме, јас би ти препорачал магнет...
Магнетче е 10000, 150 евра, ако имаш можност би било идеално да се направи и тогаш сме 100% сигурни и сме завршиле работа...До тебе е да се одлучиш или вака да тераш...
ТИ ДА ОДЛУЧИШ!!!
И нормално одлучиваш да направиш магнет одма, односно во рок од саат два или утре, ако веќе има закажано за снимање у приватно, пошто за на магнет на клиника заажуваат за два до три месеци а тоа е касно...Нели за лигаменти, мускулни влакна итн итн...
И опашуваш 10 000 ко од шала, нели за здравје не се жалат пари, и среќен си одиш дома, пошто ништо немаш...Супер си...
Кога ке ја израчунаш математиката си опашал 20 000 денари и си ја обезбедил платата на една од медицинските сестри која ти се смешкала додека си чекал во ходник.
Се тоа комплет во државна установа би те чинело не повеќе од 2000 денари, за сите направени дијагностики, но верувам дека проблемот би се решил само со ртг снимка и препорака да се одмара и се ке се среди...Значи 100 до 200 денари...
Ако треба КТ или Магнет се чека по неколку месеци...
Ако е хитно, од специјалист добиваш препорака за хитна дијагностика и се снимаш хитно...
Е ова е типичен пример за работа на пиватна поликлиника, болница, дијагностика...
У принцип не се сите случаи такви но повеќето се...
Нормално за да секој си обезбеди плата, имиџ и да заработи за газдата...
Во приватна клиника искуство се стекнува многу малку...
Во државна колку и да си темптек, од бројот на пациенти, не да работиш, туку само да гледаш какви не случаеви има, ке стекнеш огромно искуство со секаков вид повреди, болести итн итн...
Муабетот ми беше...
НЕ Е СЕ ДО СИСТЕМОТ, него до нас самите...
МЕНТАЛИТЕТОТ е тој...Тој е еден од главните работи не само во здравството туку и во целото наше општество...
Неможе да се генерализираат работите дека 100% е некој крив...
Најкрива е државата што не се става во улога на газда за да ги реши проблемите, него се става во улога на лопов, колку да зима пари, да не плаќа на работниците, во случајов медицински персонал, и потоа да не вложува во системот...
Има и многу други фактори но неможам да ги пишувам, ме мрзи а и не се битни.
Оние што имале мака си ги знаат...