Луки.
Со оглед на вокацијата сигурно знаеш како функционираат алгоритмите?
Блокот со одлука се заснова „ако“ и „тогаш“ условите. Ова го спомнувам затоа што секој кој одговорно постапува, одлуките ги заснова на анализи добиени врз основа на такви ако-тогаш услови. Затоа ако ме прашаш дали јас би скокнал од висока литица, јас морам да прашам: дали носам падобран, дали долу има вода, дали ме бркаат хорда гладни канибали, дали Влатче клп ги демонстрира своите завидни дискутантски способности, итн, итн...
Постои нешто што се нарекува трик прашање. Како на пример прашањата „дали си природно вака глуп, или со сила се правиш“, или „педер си зошто ти се допаѓа, или зошто профитираш од тоа“, итн.
Како би одговорил на спомнативе прашања? Пошто ако одговориш така како во насоката во која си прашан ќе испаднеш глуп педер.
Мислам дека тоа се обидуваш да ми го направиш.

... политичко-дипломатски одговор. Остави позиција доктор по медицина, остави состојбите во германското здравство.
Јас те прашувам дали ти Ван, со твоите знаења, истражувања и совест со препораките од федералната комисија за имунизација, дали утре би потпишал ставање на една вакцина на едно дете? Ќе ја понесеш ли таа одговорност ти лично?
Одговорот зависи од многу работи кои не ги кажуваш.
АКО - ТОГАШ друже Луки, нема да рипнам од високата литица ако тоа не е најдоброто решение.
Варијанта 1: Дали зборуваме за вакцинирање за Полио, Магарешка кашлица, Туберколоза, такви болести? Дали се одбрани побезбедни вакцини со инактивиран вирус, или ацелуларни вакцини со антиген од вирусот? Дали вакцините имаат барем една година до истекувањето на рокот? Дали детето е потполно здраво во моментот? Дали сум сигурен дека не е алергично кон состојките од вакцината? Итн, итн.
Ако одговорот на овие прашање е ДА,
тогаш и мојот конечен одговорен даден одговор е ДА.
Варијанта 2: Дали зборуваме за вакцинирање за Ротавирус, HPV, бебешки стомачен грип, такви болести? Дали се одбрани вакцини со жив вирус, иако постојат вакцини со неактивни вируси или ацелуларни вакцини со антиген од вирусот? Дали вакцините имаат истечен рок или неколку месеци до истекувањето на рокот? Дали детето е болно во моментот? Дали е алергично кон состојките од вакцината? Итн, итн.
Ако одговорот на макар едно овие прашање е ДА,
тогаш и мојот конечен одговорен даден одговор е НЕ.
АКО - ТОГАШ друже Луки, така резонираат и постапуваат одговорните луѓе. Не според павловиот рефлекс кој го инсталирал системот, и не според мрзливоста од типот „не се замарам“, двате најраширени модуси според кои функционира стадото.