Zero, Falanga
Незнам ни јас како да постапам во моментов. Ако му вршам притисок да оди на друг психијатар можеби ке помисли дека и јас мислам дека полудел па и да му направам поголем проблем. Најпаметно во моментов е да му дадам малку време ете нека проба по бајачки и со такви работи па ако не бива тогаш да го убедувам пак да посети психијатар.
Друга работа гледам дека не верувате во бајачки. Дај боже никогаш да не ви затребаат такви работи. Јас лично верувам во такви работи од причина што во пошироко семејство сме имале ситуации каде што медицината не помагала па се барало помош од бајачки и работите се средувале.
Пред 3 месеца на балдската малото(бебче од 1годинка) почна да се исфрла по телото. Имаше пликчиња како да го искасало комарец. По ден два тие пликчиња станаа пликови и на детето почна да му се деформира фацата од пликовите. Нормално отидоа на лекар. Ги задржаа на детска клиника. Месец дена неможеа да му постават дијагноза на детето. Направија триста испитувања, алерго тестови, и на сите тестови резултатите беа негативни. Го клукаа со инфузии. Отоците ке се намалат ден два па пак ке букнат и се така во круг. Од детска кренаа раце и ги испуштаат од клиника као ништо не му е, ке му помине. Додека ме чекаат мене во ходник да дојдам да ги земам, случајно балдскава почнува да прави муабет со една мајка која не ја познава која и дава број од некоја жена од Штип. Балдскава влага кај мене во кола и ми кажува што и како се десило. Стигаме кај нив дома и и се јавува на женава пред мене. И вика една жена ми го даде вашиот број а оваа од таму и вика ако е за Ведран(така се вика малиот) доаѓајте одма да не биде касно Двајцата останавме зачудени од каде му го знае името на малиот. Баџото отиде уште вечерта кога се врати од работа. Детето другиот ден немаше ништо по телото. Еве месец дена помина од тогаш детето си е супер.
Sent from my MI 4S using Tapatalk