Вакцината што ќе ја ставиш е одобрена од СЗО, не е набавена на црн пазар во Кенија. Нема зошто да не ја стави доктор.
Едит:
Не сум во право.
Кај нас прочистени вакцини има на Детска клиника, но истите се користат кај дечиња со историја на Детска клиника, и тоа тогаш кога не се потрошени.
Доколку нема, по препорака на доктор (обично кај дечиња кои биле во критична состојба после раѓањето) може да се набават во некоја од соседниве земји. Истата се заведува уредно во картонче.
На сопствена рака можеш да набавиш вакцина (доза чини околу 55€ во Грција, а имаш и ревакцини, се транспортира во фрижидерче) доколку најдеш доктор кој ќе се нафати да ја стави. И да се нафати, вакцината не се заведува во картончето за вакцинации.
Со самото тоа што "приватно" го вакцинираш детето, т.е. ја заобиколуваш имунизационата програма на министерството за здравство, не можеш да го запишеш детето во државна градинка и понатаму на државно училиште.