Вака, да не Ве цитирам сите посебно, ке одговорам на сите. Мислам дека еднаш пишував за мојата мака со кичмата годиниве уназад (бидејќи ова го имам 7,8 години веќе)
Да не мислите дека јас директ отидов на надри лекари и сл. поминав низ се што можеше од лекари.
Години уназад како што реков имав мака при стоење во место и при многу движење а бев цело време на нога. После тоа се подуправи ситуацијата немав мака некој одреден период, онака ситни болки привремени на неколку часа.
Наредната работа беше многу физичка кревање/товарање тешки работи и почнаа поголеми проблеми, мада имав доста килажа ставено на мене. Претхдно бев околу 85кг, ама секоој ден се седеше по кафани и се пиеше/јадење машки па и килажата си го направи своето. Имам проблем со спуштање на килажа, иако моментално намалив 5кг и сега сум 113 со 191цм висина.
Почна да ме фаќа кичмата многу почесто, па почнав да одам на рентген, па ми дадоа терапии во Физикална. (месец дена бев на боловање) Терапии со масажи, вежби, струја и сл. Немаше ефект некој тоа, почнав да барам чаре насекаде. Отидов кај Шенка во Струмица, жената ми рече не си за кај мене, ова е шилец.
Продолжив со втора тура терапии во Физикална, исто со минимално подобрување. Бев и на магнетна во Штип се снимав. Бев и во Неуромедика некој си доктор да ја прочита снимката. Рече дека имало триење меѓу двата дискови ( мислам дека беа така) и немало доволно подмачкување па почнав да пијам колаген. Моментално не пијам тоа, само Магнезиум со калциум и Калциум со Б6.
Одев на приватно после тоа со сите снимки и испитувања, во Превентива 99. Одев на масажа со струја и растегнување. Имав подобрување со тој третман, но работата беше таква што не можев многу да се пазам и повторно се појавија проблеми.
После тоа дознав за Тонг Да во Карпош. Акупунктурата ми помогна многу уште првиот третман. Јас спремен отидов со цело големо ќесе снимки/резултати, третмани и што уште не, ама не им беа битни тие. После вториот веќе имаше значително подобрување, но требаше да одам 5,6 да биде како што треба. Долго време бев добар, но еве 2 години од тогаш (можеби више) почнав пак да имам проблеми, така да од Понеделник сум со намера да ѕвонам и закажам третман пак.