Прашањето е многу логично, Европска Унија допрва ги усогласува законите за забраните од една држава членка да важат во сите членки.
Исто и кај нас, кога ќе се казни странски државјанин - или ти ќе бидеш казнет како странец во друга држава - казната забрана за управување се изрекува за територијата на таа држава, не глобално универзално за цел свет (барем не сеуште).
Исто така, ако некој прекршок предвидува забрана за управување кај нас, во Македонија, не значи дека истиот прекшок е казнив со забрана во сите земји. На пример, во некои европски земји, поминување на црвено носи казнени поени (и кога ќе се соберат многу ти изрекуваат забрана за управување), а кај нас (по ново), веднаш ти одземаат дозвола. Што (хипотетички нели), ако една секунда било црвено кога сум поминал, би значело дека по Германски закон би добил 90е и 1 поен во книшка, ама по Македонски - летна дозволата 3 месеци.
Затоа е логично прашањето дали забрана изречена во Македонија - важи само на територија на Македонија. Тоа што осигурителните компании пробуваат на секој начин да ти го начукаат (да ми извини Калимеро), тоа е друг проблем, тоа е нивниот принцип на терање на бизнисот, но мислам дека Законот вели дека казната „Забрана на управување на моторно возило“ изречена во Македонија, важи на територија на Македонија.
Тоа криминалец осуден кај нас со казна затвор, не е криминалец во друга држава, не па забрана за возење....