Автор Тема: Што ако ви биде одземена возачката?  (Прочитано 49786 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10569
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #150 на: 25 Февруари 2026, 15:49:00 pm »
Колку е јасно, појасно не може да биде:
Одземена возачка=немаш возачка
Забрана за возење=не смееш да возиш
Меѓутоа има еден куп "основоположници" на модерниот македонски јазик , па адвокатски гимнастички...

Поврзано.
Деновиве чув соклупник!

Пред некое време реагирав за сокласник дека е измислица која го трие македонскиот јазик.
Не сакав да се инаетам бидејки не сум лектор, згора аргументирано од неколкумина со е-речници...
Сепак имам роднина пензиониран лектор кој живее во САД, кој ми објасни зошто не може да постои во македонскиот јазик...не можам да го пренесам објаснувањето како што треба (веќе не се ни сеќавам), но затоа можам преку примери:
жител, ученик, работник, селани, граѓани, партиец, говорник, учесник...сожител, соученик, соработник, соселани, сограѓани, сопартиец, соговорник, соучесник.
Оттука, и е-речниците се огледало на општеството во кое живееме.

За да постои сокласник мора да постои и класник, што и да значи класник.
За да постои соклупник мора да постои и клупник...
Имав еден сокласник, кој ми беше соклупник, и поради тоа што бевме глупи бевме соглупници :'(

Отсутен Zorg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #151 на: 06 Март 2026, 13:16:31 pm »
https://www.facebook.com/share/p/17KN5xaUcB/

Апропо постов на off.net, дали некој знае како сега оди процедурата за впишување на забрана за управување на возило во возачката дозвола? Дали ова е дефинирано во некој закон или подзаконски акт?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2772
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #152 на: 06 Март 2026, 15:08:45 pm »
Денеска излезе МВР со соопштение како ќе оди по ново процедурата за евиденција на забрана на управување со возило:

Министерство за внатрешни работи  ја информира јавноста за законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди.

Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на важност.

Наместо тоа, воспоставен е дигитален систем на известување преку две текстуални пораки (SMS) и електронска пошта (e-mail).

Процес на известување и почеток на забраната

Прва порака – известување
Граѓаните ќе ја добијат првата порака приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт податоци. Оваа порака содржи информации за видот и времетраењето на изречената забрана.

Втора порака – почеток на санкцијата
Осум дена по примањето на првата порака, на граѓаните ќе им биде доставена втора порака. Забраната за управување со моторно возило официјално започнува да тече од моментот на приемот на втората порака.

Министерството во следната фаза ќе овозможи извршувањето на забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците.

Досега, согласно новиот начин на извршување, реализирани се над 3000 забрани за управување со моторно возило, изречени со правосилни судски пресуди.

Важно известување

Нагласуваме дека забраната не започнува да тече од денот на пополнување на изјавата во Одделенијата за управни работи, туку исклучиво по приемот на втората текстуална порака.

Апел до граѓаните

Ги повикуваме сите граѓани за кои има донесено правосилни пресуди со ваков вид санкција, а кон кои е испратена покана од страна на Министерството, да се упатат во надлежните организациони единици за управни работи.

Целта на посетата е доставување и ажурирање на личните контакт податоци (број на мобилен телефон и е-маил адреса), што е неопходен предуслов за правилно и навремено извршување на санкцијата и избегнување дополнителни недоразбирања.

Дополнително, ги известуваме и сите граѓани кои имаат за цел да избегнат извршување на забраната, а за кои Министерството веќе располага со контакт податоци, дека санкцијата ќе биде реализирана, а тие ќе бидат известени преку СМС порака и електронска пошта.

Покрај извршувањето на забраните изречени со правосилни судски пресуди, паралелно и целосно автоматизирано се спроведува и извршувањето на забраните констатирани преку системот Безбеден град. Известувањето се врши на ист начин – преку СМС порака и електронска пошта – за сторени прекршоци за кои според закон е предвидена ваква санкција и за кои граѓаните ја прифатиле одговорноста и ја платиле предвидената глоба.

Со воведувањето на овие измени, процесот станува побрз, поефикасен и значително се намалуваат административните процедури за граѓаните.
Своерачен потпис ;)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3343
  • Хюндай Тюсон
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #153 на: 06 Март 2026, 15:19:28 pm »
Од кога една смс е валиден канал за информирање на судска одлука? Мислам поради милион причини може телефонот да ти е исклучен и да не добиеш порака. Ете си во притвор пример не смееш да имаш телефон.

Овие не знаат кај тераат...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30501
    • CARclub.mk
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #154 на: 06 Март 2026, 15:20:41 pm »
Па ако си во притвор, не смееш ни да возиш.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 950
  • The best or nothing.
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #155 на: 06 Март 2026, 15:23:34 pm »
Друг ќе ти вози колата.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3343
  • Хюндай Тюсон
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #156 на: 06 Март 2026, 15:23:52 pm »
Па ако си во притвор, не смееш ни да возиш.

Притворот може да биде 72 часа. После тоа излегуваш го вклучуваш телефонот но поради изминати повеќе од 24 часа пораката не ти стига. Ти не си ја добил нотификацијата..

Она со притворот е само мал дел од сценаријата но е интересно бидејќи тука вината за тоа да не си достапен е целосно на МВР.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30501
    • CARclub.mk
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #157 на: 06 Март 2026, 16:49:36 pm »
Јас имам друг проблем со целата работа. Да речеме дека имам забрана за возење. Претпоставувам дека забраната за возење преку Сејф Сити автоматски се казнува преку таблица. Ама имам јас забрана за возење, не колата - дали тоа значи дека никој друг не смее да ми ја вози колата? Или... Ако имам забрана за возење, дали сè што треба да направам е да возам друга кола?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4548
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #158 на: 06 Март 2026, 19:04:19 pm »
уште едно генијално решение на сезнајковциве, кои од Ќустендил подалеку не виделе. Email и SMS да се сметаат за валидни канали за комуникација за забрана за управување на моторно возило, кој знае што е следно што ќе им текне на приучениве.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15055
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #159 на: 06 Март 2026, 20:24:09 pm »
Нај големиот проблем е што тие за нивните грешки не одговараат туку само обичниот народ беспотребно се малтретира и го јади стапот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10569
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #160 на: 06 Март 2026, 20:26:01 pm »
уште едно генијално решение на сезнајковциве, кои од Ќустендил подалеку не виделе. Email и SMS да се сметаат за валидни канали за комуникација за забрана за управување на моторно возило, кој знае што е следно што ќе им текне на приучениве.
Шефе, ми текна!
Што ти текна?
Дека ќе ми текне.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2772
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #161 на: 09 Март 2026, 09:36:52 am »
Јас имам друг проблем со целата работа. Да речеме дека имам забрана за возење. Претпоставувам дека забраната за возење преку Сејф Сити автоматски се казнува преку таблица. Ама имам јас забрана за возење, не колата - дали тоа значи дека никој друг не смее да ми ја вози колата? Или... Ако имам забрана за возење, дали сè што треба да направам е да возам друга кола?
Мислам дека забраната е поврзана лично со возачот, а не за колата, затоа забраната се евидентира во возачката а не во сообраќајната. Сејф сити евидентира неколку прекршоци, меѓу кои и нерегистрирано возило, а никаде не прочитав дека автоматски „лови“ и сопственици на коли кои имаат забрана.
Своерачен потпис ;)