Мене ме фатија со 53 км/ч над дозволено на автопат во јануари 2018. Си пишав 50 поена и добив покана за суд во септември 2018. Отидов на суд, судијата ми побара потврда од работодавец дека возачката ми е неопходна за секојдневната работа (што е и точно), и ми кажа дека ќе добијам месец дена забрана, иако по закон е 3-12 месеци. Напомена дека се ова е без никакви врски и луѓе.
Во февруари 2019 добив пресуда за одземање на возачката на 1 месец, а недолго после тоа и жалба од МВР до Апелација дека казната е премала и бараат 3 месеци одземање.
Остана случајот така се до пред 15 дена кога добив пресуда за одземање на возачката на 3 месеци. Отидов во МВР Струмица и ми кажаа да чекам да стигне пресудата кај нив, па они ќе ме известат да одам да ми ја земат старата возачка и да ме сликаат за нова, во која ќе е впишана забраната.