Автор Тема: Што ако ви биде одземена возачката?  (Прочитано 49793 пати)

Отсутен MunjaA

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #135 на: 23 Февруари 2026, 22:43:35 pm »
Јас сум репнат веќе месец дена на седум месеци...

Ме интересира дали забраната важи за надвор од државата?
Дали рецимо во Бугарија или Грција или друга соседна држава ти побараат возачка и забраната важи и за таму?
Od shto znam problem e samo granica da pominesh deka za bugarija sekogash baraat vozacki na granica, za vo grcija ne znam no dur si tamu ne e problem vozackata. Bidejki samo nashite od mvr imaat pristap da proverat toa. Osven ako ne ti pisuva zabrana pozadi

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15303
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #136 на: 24 Февруари 2026, 12:20:11 pm »
Како пишува на возачката кога ќе ти ја одземат? на Македонски дека имаш забрана?


Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 742
    • ibiz.mk
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #137 на: 24 Февруари 2026, 12:23:15 pm »
Како пишува на возачката кога ќе ти ја одземат? на Македонски дека имаш забрана?

позади скроз десно има колона, само стои од-до датум


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15303
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #138 на: 24 Февруари 2026, 13:33:16 pm »


Као на 12 колона?

Муабетот ми е дали Гркот ќе разбере што значат тие дати.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 742
    • ibiz.mk
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #139 на: 24 Февруари 2026, 13:41:12 pm »
да на 12ка, али со помал фонт мислам дека е.
ке сликам моја после како стои

реално ни јас не знаев кога ми ја пишаа, па после загледав.
а гркот дали ке разбере не верувам, а и дека ке се замара до толку да загледува дали си во активна забрана или веќе ти истекла

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1899
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #140 на: 24 Февруари 2026, 14:24:24 pm »
Не се зафркавајте со забрана да возите во странство.
Може ќе поминеш на граница, ама во случај да удриш или да те удри некој во странство тогаш доаѓа лошото. Не веднаш туку после неколку месеци, кога ќе стигнат официјалните барања и преписки меѓи нашето МВР и Странското и нашата и странската осигурителна компанија.

Ако имаш забрана имаш забрана, си направил прекршок и треба да си ги сносиш последиците а не да бегаме од одговорност.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15303
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #141 на: 24 Февруари 2026, 19:46:03 pm »
Ако имаш странска возачка :) Немаш гајле

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1946
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #142 на: 24 Февруари 2026, 21:28:13 pm »
Не се зафркавајте со забрана да возите во странство.
Може ќе поминеш на граница, ама во случај да удриш или да те удри некој во странство тогаш доаѓа лошото. Не веднаш туку после неколку месеци, кога ќе стигнат официјалните барања и преписки меѓи нашето МВР и Странското и нашата и странската осигурителна компанија.

Ако имаш забрана имаш забрана, си направил прекршок и треба да си ги сносиш последиците а не да бегаме од одговорност.

Ова!!! Какво прашање, дали забраната важи во странство... не бе, нема спас за нас

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44861
  • Il Moderatore
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #143 на: 24 Февруари 2026, 22:23:04 pm »
Прашањето е многу логично, Европска Унија допрва ги усогласува законите за забраните од една држава членка да важат во сите членки.
Исто и кај нас, кога ќе се казни странски државјанин - или ти ќе бидеш казнет како странец во друга држава  - казната забрана за управување се изрекува за територијата на таа држава, не глобално универзално за цел свет (барем не сеуште).
Исто така,  ако некој прекршок предвидува забрана за управување кај нас, во Македонија, не значи дека истиот прекшок е казнив со забрана во сите земји. На пример, во некои европски земји, поминување на црвено носи казнени поени (и кога ќе се соберат многу ти изрекуваат забрана за управување), а кај нас (по ново), веднаш ти одземаат дозвола. Што (хипотетички нели), ако една секунда било црвено кога сум поминал, би значело дека по Германски закон би добил 90е и 1 поен во книшка, ама по Македонски - летна дозволата 3 месеци.
Затоа е логично прашањето дали забрана изречена во Македонија - важи само на територија на Македонија. Тоа што осигурителните компании пробуваат на секој начин да ти го начукаат (да ми извини Калимеро), тоа е друг проблем, тоа е нивниот принцип на терање на бизнисот, но мислам дека Законот вели дека казната „Забрана на управување на моторно возило“ изречена во Македонија, важи на територија на Македонија.
Тоа криминалец осуден кај нас со казна затвор, не е криминалец во друга држава, не па забрана за возење....
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7549
  • French diamond
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #144 на: 24 Февруари 2026, 22:25:52 pm »
Во Германија ако имаш забрана исто како да имаш во цел свет забрана, пошто возачка немаш тој месец, ја предаваш кај нив во полиција и ти даваат ливче со датум кога да се вратиш да си ја земиш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44861
  • Il Moderatore
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #145 на: 24 Февруари 2026, 22:27:17 pm »
Во Германија ако имаш забрана исто како да имаш во цел свет забрана, пошто возачка немаш тој месец, ја предаваш кај нив во полиција и ти даваат ливче со датум кога да се вратиш да си ја земиш.
А што ако имаш повеќе категории? Казна забрана се изрекува за одредена категорија.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7549
  • French diamond
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #146 на: 24 Февруари 2026, 22:30:06 pm »
Немам повеќе категории и незнам како ќе е тогаш, ама за Б категорија имам лично искуство, тоа што го пишав погоре.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7733
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #147 на: 24 Февруари 2026, 23:08:52 pm »
Бидејки забраната ти ја издава МВР, кое нема јурисдикција да регулира сообраќај во соседни земји, технички, забраната важи на територијата на Република Македонија. Но, како што пиша @kalimero , ако не дај боже направиш некаков прекршок надвор од Македонија, или те удрат, тогаш ситуацијата значително ке се закомпликува. Прашав прееска другар сообраќаец, не знаеше со сигурност да ми каже.

Јас имав месец дена забрана, и никаде не возев, едноставно, не сакав да ризикувам.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15055
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #148 на: 24 Февруари 2026, 23:13:01 pm »
Во Германија ако имаш забрана исто како да имаш во цел свет забрана, пошто возачка немаш тој месец, ја предаваш кај нив во полиција и ти даваат ливче со датум кога да се вратиш да си ја земиш.
А што ако имаш повеќе категории? Казна забрана се изрекува за одредена категорија.
Нема врска што имаш повеќе категории,ти ја зема комплет.Не е како во Мк ако имаш забрана за Б можиш да впзиш пример со Ц или со Д категорија ако ги имаш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1946
Одг: Што ако ви биде одземена возачката?
« Одговори #149 на: 25 Февруари 2026, 00:06:37 am »
Бидејки забраната ти ја издава МВР, кое нема јурисдикција да регулира сообраќај во соседни земји, технички, забраната важи на територијата на Република Македонија. Но, како што пиша @kalimero , ако не дај боже направиш некаков прекршок надвор од Македонија, или те удрат, тогаш ситуацијата значително ке се закомпликува. Прашав прееска другар сообраќаец, не знаеше со сигурност да ми каже.

Јас имав месец дена забрана, и никаде не возев, едноставно, не сакав да ризикувам.

Забраната ја издава МВР кое нема јурисдикција да регулира сообраќај во соседни земји, ама не заборавај дека македонската возачка ја издава МВР.

Едноставно е, возачката издадена од МВР не ти е валидна за одредената категорија во периодот додека трае забраната, во Македонија или надвор од Македонија. Истото важи за меѓународната возачка, издадена е од АМСМ (со овластување од МВР) и е формален превод на македонската возачка дозвола која е издадена од МВР.

Бонус, меѓународната возачка е валидна само и додека е валидна македонската возачка (со рок на важност и без забрана). Пробајте да добиете меѓународна возачка дозвола додека имате активна забрана.

Толкувањето на забраната која е заведена во возачката од страна на службено лице во странство е друг муабет, и е прашање на среќа.
« Последно менување: 25 Февруари 2026, 00:16:39 am DimitarMK »