Веле, добро е да се прочита и спротивно мислење. Но не видов доказ за температурата, вели дека повисоката температура е мит и толку, не дава никаков доказ, не измерил ништо. Претходно имав пуштено податоци со температура на горење на бензин и плин, и температурата на плин беше многу повисока. Исто така во текстот заклучокот е дека ЛПГ е исто што и бензин, и воошто не се ни труди да открие на кој начин настанува проблемот.
Голем проблем и предизвик е аголот на палење кој е различен на бензин и дизел. Доколку аголот на палење (раније касније) за плин е погрешен настанува детонација. Детонацијата предизвикува многу голема работна температура и директни механичка оштетувања. Детонацијата честопати не се заприметува, моторот не дава знаци на детонантно работење, и тогаш станува збор за микродетонации. Микродетонациите претставуваат тивка смрт за моторот.
И секако, најголемиот проблем е непостојаноста на плинот. Не постојат стандарди на плин, секоја тура има различен октански број а палењето се прави за фиксен октански број. Погрешен октански број предизвикува детонации. Затоа со некоја тура на плин моторот не работи добро.