Автор Тема: Мотори осетливи на плин  (Прочитано 87208 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43561
  • Il Moderatore
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #270 на: 18 Март 2014, 09:36:39 am »
Време е за квалитетен бензин и адитивче за дизни а? :D
Се шалам. Нема мене што да ме убедувате, кај мене не работи полошо колата, кај мене работи малку различно. Мерењата на меѓузбрзувања ми покажале дека оди исто или приближно исто и на бензин и на плин. Направете си тест, во 4 или 5 брзина, меѓузабрзување на иста делница од обиколница, од 60 до 160. Едно на бензин, едно на плин. Снимајте го со камера, пошто попрецизно се мери отколку со штоперица во рака. Чисто за себе. Не мора мене ништо да ме уверувате. Благодарам за понудата :)

После вградување на плински уред, дали треба да се менува маслото (или да си чека редовен сервис) или типот на маслото (градации, чуда, а у)?
Ништо не треба да менуваш. Сервисите терај си ги исто редовно како и на бензин.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #271 на: 18 Март 2014, 09:37:43 am »
Адитивче ќе си летне, по полка со некој член.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #272 на: 18 Март 2014, 09:41:07 am »
не бе.. кој те убедува... те канам бре... да видиш дека без чепкање во бензинскиот компјутер, може да се извади повеке снага на плин, а тоа да не биде кревање на потрошувачка... меѓу другото кога ти ке го осетиш тоа, и ке го потврдиш тука на форум, конечно еден убав дел од форумџиите (поготово дизелашите) ке се убедат дека навистина во плинот има многу потенцијал, дека не е тоа што некогаш било и дека тоа е поле кое допрва се усовршува и се вади снага од него...

а за осетливоста и тоа е дискутабилно.. ако можеш да извадиш повеке снага со ептен мала потрошња на стандард уреди, мислам дека не е далеку денот кога ке се појават плински уреди кои ке трошат помалку литри одошто на бензин, а ке влечат исто како на бензин, плус ке биде елиминиран делот со осетливоста на лошите по квалитет изработени мотори...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43561
  • Il Moderatore
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #273 на: 18 Март 2014, 09:44:01 am »
Рече дека сум скептик, не сум скептик. Ти верувам. За да ги увериш и другите, сними клипче на иста делница од обиколница. Едно на бензин едно на плин.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #274 на: 18 Март 2014, 10:20:05 am »

а за осетливоста и тоа е дискутабилно.. ако можеш да извадиш повеке снага со ептен мала потрошња на стандард уреди, мислам дека не е далеку денот кога ке се појават плински уреди кои ке трошат помалку литри одошто на бензин, а ке влечат исто како на бензин, плус ке биде елиминиран делот со осетливоста на лошите по квалитет изработени мотори...

Ех.. Осетливоста се јавува и кај прилично квалитетни мотори како на пример HONDA I-Vtec или Suzuki, или Subaru. Сите овие кога се возат на бензин , имаат импресивни бројки на изминати километри без никаков проблем.Да се неквалитетни проблеми ќе се јавуваат независно од горивото, а кај нив проблеми се јавуваат само со плин.

Јас би рекол  дека современите мотори се само добро оптимизрани за работа на предвиденото погонско гориво, а тоа е бензин во овие случаи.

И веројатно имаат помала толеранција за сите одстапки од предвиденото гориво при самото нивно дизајнирање, односно плин во случајов.

Ова е исто како  да кажеме дека современ дизел мотор е помалку квалитетен од дизелот во Голф 2, бидејќи ако современ дизел го возиме на препржено масло ќе има проблем, а Голф 2 нема.


Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #275 на: 18 Март 2014, 10:32:08 am »
Не треба веднаш да се менува масло, фино лепо ќе си смениш на редовен сервис

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #276 на: 18 Март 2014, 10:33:51 am »
Не треба веднаш да се менува масло, фино лепо ќе си смениш на редовен сервис

Под препржено масло мислев на препржено масло од сендвичари. Старите дизели знам дека ги возат без некои проблеми на тој начин (а можда и има проблеми, само не признаваат).

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #277 на: 18 Март 2014, 10:34:26 am »
Мене ми одговараше на:

После вградување на плински уред, дали треба да се менува маслото (или да си чека редовен сервис) или типот на маслото (градации, чуда, а у)?

Понекад иритира "attention span" на максимум 3 (ако и толку) претходни поста.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #278 на: 18 Март 2014, 10:36:25 am »
Со плин, многу помалку се прља маслото.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #279 на: 18 Март 2014, 10:52:20 am »
Со плин, многу помалку се прља маслото.

А затоа сендвичариве воглавно го пржат помфритот на плин

:)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3024
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #280 на: 18 Март 2014, 11:03:38 am »
После вградување на плински уред, дали треба да се менува маслото (или да си чека редовен сервис) или типот на маслото (градации, чуда, а у)?

Све е исто.

Само треба да пазиш да има "плинско масло" над максимум во капалката и кога полниш да не ја преполниш.

Филтри и сл. срања мислам дека на мојот систем нема мењање, нити потреба за прештелување.

Edit: После вградувањето на плинскиот уред треба да си дополниш разладна течност малку, а истата нашите во Толту ја немаа (Subaru плава течност). Верувам дека и во импрезата е истата плава течност, дека црвената ако не се лажам била за постари хладњаци.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #281 на: 18 Март 2014, 11:58:25 am »
Крелл треба да разбереш само една единствена работа. А тоа е дека сите сме биле исти такви како тебе. Барем повеќето ако не сите. Сите си се грижиме за колата, читаме милион форуми и дискусии. Се замараме максимално да не нешто и стане. Значи се тоа е пројдено. Не дека другите ги боли фалус за нивното возило, туку дека дискусијата е изгустирана веќе. Се правеше пред некое време кога уште луѓето се мислеа дали да стават плин. Твоео мислење е од тоа време кога се прашуваше за плин, и се секираа луѓето. Помина тоа време. Помина смдење на плин од плочка, помина замарање наоколу дали има или нема. Во денешно време повеќето од колите се на плин. Партали направија гаражите кои местат плин. Тоа не е за џабе. Си има зошто е. Неќам да си ја кварам колата муабети и остали смешни работи од 2008ма година.

Да, за НЕКОИ коли има можност НАВОДНО да има извесен проблем. Но, да имаш Ферари 458 или 430, па да правиме муабет. Да зборуваме за некој егзотик за кој нема искуство во МК, па ајде да е на место. Меѓутоа за коли кои се возат на ангро со плин по земјава и околината - дискусиите може да се сведат на минимум и да се премине кон конкретни примери. Таксистите се прост пример.

Понатаму, зборот „проблем“. Каков проблем? Јас откога ставив плин задниот брисач не брише баш најдобро и морав да го сменам. Тоа мора да се има во предвид кога се става плински уред. Исто така се појавија и руги поголеми проблеми. Ми се скина задната чаура на предната виљушка, па и таа ја сменив со подобра од Голф 5. Има разлика од „проблем“ до проблем и до холивуд.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #282 на: 18 Март 2014, 12:22:59 pm »
Понатаму, зборот „проблем“. Каков проблем? Јас откога ставив плин задниот брисач не брише баш најдобро и морав да го сменам.

Јас  па се чудам што е со задниот брисач. Ете од каде бил проблемот ;D Сериозно, и јас треба да го мењам на голфот :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #283 на: 18 Март 2014, 12:26:28 pm »
Многу е едноставно..

Долг период работев и се дружев со Германци.

Веројатно малку и тоа влијаело да ги сакам работите на начин како се предвидени од самиот произведувач (не само за колата, општо).

Плинот е компромис, со одредени позитивни нешта меѓутоа и негативни.

Тебе не ти пречат воопшто тие негативности, мене бидејќи сакам да е By the book и да немам потенцијални проблеми, ми пречат.

Истиот принцип го применувам и кај другите мои хобија. Да, експериментирам дефинитивно, ама не сакам импровизации воопшто.

Јас плинот го доживувам ко еден вид импровизација, а проблемите што настануваат кај некои мотори и возила е реалност, не холивуд. Ама ете, ти си корисник ( и многу како тебе) што тоа не му пречи, и на вагата доминира позитивниот ефект од плинот. За малкуте како мене, тоа е импровизација и би го поставил исклучиво на возило што К*Р ме боли за возилото.

Не треба ни тебе да те обесиме со твоето мислење, а ни мене..

Целта е да се видат предностите и мааните на нештото, па секој нека си одлучи што е добро за него и неговото возило.


Тоа со проблемот и брисачите, ќе го третирам само како обид за правење важен во недостаток на аргументи и едноставно ќе го игнорирам.

За ПРОБЛЕМ Симо пушти вчера прилично сликовито што е обично проблемот кај оние што има проблем.

Исто дискусиите на Симо се за поздрав, бидејќи прилично ентузијстички укажува на предностите и мааните од плинот.

Ако толку ти пречи да отворено се збори за нешто во кое ти не се слагаш (и тоа морам да признаам прилично неаргументирано, ко на пример во дискусијата кога ти објаснив зашто не би купил возило со плин), еве ќе те усреќам.

Едноставно веќе нема да си го трошам времето обидувајќи се да воспоставам дискусија базирана на аргументи за позитивиности и негативности.

Еве Дени, најбоље е Поло со Плин, поготово за тие што како тебе возат исклучиво брзо (мада ми е некомаптибилно возењето брзо на високи вртежи како цело време представуаш и нели плинот).

Исто 1.4 дизел е одличен мотор (кој што случајно и јас го возам во една од колите, и мислам дека е добар, ама за парите и за намената, а тоа е градско возење и релативно кратки отворени релации), и треба сите други видови на мотори да се забранат.

Се надевам со овие две импликации си среќен.

Последен пост од мене во дискусијава.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #284 на: 18 Март 2014, 12:39:12 pm »
Ја па баш ќе се фалев пред себе си дека сме развиле конструктивна дискусија на темава ти сеа ко Пецони се откажуваш.

Тоа што ти не се сложуваш со ставање на плин на твојата кола и ги изнесуваш своите мислења е позитивно од аспект што провоцира размислување дали ние што сме ставиле сме згрешиле. Не гледам причина зошто ставањето на плин го гледаш како импровизација затоа што не е. Импровизација е тест-проба со цел да се добијат резултати. Ставањето на плин не е тест туку е стратегија, стандард и метод. Дури и ставањето на плин на ризичен мотор не е импровизација туку е стандардизирана постапка при која се знае дека ефектите може да бидат погубни за моторот при одредени режими на возење.

1.4 дизел е секако подобра варијанта од сите атмосферци на плин до 2000 кубика и тоа не е спорно.