Да не има некој искуство со рефундирање на средства. Порачав батерија за лап топот арно ама ми нема стигнато 40 дена. Пред 3 дена контактирав со продавачот и се договоривме да ми ги рефундира средствата во целост зошто пратката беше со тракинг код. Но од средствава и денеска нема ни трага ни глас ни на пејпал акаунтот, ни на картичата директно. Му пишав пак на продавачот, ми прати и ID# на трансакцијата како и сите податоци што потврдуваат дека ми пратил пари. Но париве ги нема сеуште. Имал некој слично искуство при рефундирање на пари од продавач на ибеј ??