За сите што сеуште не се снаоѓаат со пејпал (популарно PayPal)
да, Можете да имате ПејПал во македонија и ке функционира прилично беспрекорно се додека не пробате да си играте со нивните правила...
Сакате да си направите пејпал и да купувате на интернет ? Нема проблем, во вакви ситуации имате ризик 0 затоа што
нема што да изгубите освен да ви го блокираат пејпал-от со салдо 0...
Доколку сте како мене, и сакате
и да добивате пари на него, тогаш треба да внимавате повеке како и што правите...
Во 2те ситуации процедурата е прилично
иста (на почеток)...
Регистрирајте се на ПејПал со
реални информации (Освен држава, за држава ставете Хрватска (препорачливо особено ако планирате и да добивате пари на ПејПал) а можете и словенија но добивањето пари ке биде поризично на Словенска сметка затоа што пејпал веке добро знае дека македонци се регистрираат како словенци
)
При регистрација не внесувате никаква картица, кога ке побара да внесете картица, идете "Skip" или "Go To My Account"
Потоа ја потврдувате и-меил адресата дека е валидна и одкако ке ги средите основните барања на пејпал (наведени од десната страна кога се логирате на вашиот акаунт), преогате во додавање на картица (обидете се процедурава да ја завршите во еден ден, поточно истиот кога сте се регистрирале)
За да додадете картица, ке ви треба VISA ELECTRON од било која банка овде кај нас (проверено работи со НЛБ, ТТК, Охридска...)
Влезете на пејпалот во одделот за подигање пари "Withdraw Money" тамо ке ве праша дали сакате на US Bank Account или VISA card, одбирате VISA и бидејки до сега немавте картица, ке ви побара да ја внесете картицата...
Напишете ги информациите што стојат на картицата и кои што ги бара пејпал (картицата мора да има бар 100 денари на неа, ке ви повлечат 1.5еур за верификација кај пејпал)
Со тоа сте ја внеле успешно вашата картица и сега треба да ја потврдите со тоа што во изводот на вашата сметка за трансакции треба да ви го прочитаат кодот кој што го пратил пејпал со таа трансакција од 1.5еур и истиот треба да се внесе на страната на ПејПал... Одкако сте го завршиле ова, вашиот пејпал е спремен за работа со него и веке сте Verified
доколку не сте, сте скокнале некој чекор или не сте го разбрале баш добро моево објаснување
П.С. јас го пишувам ова по она што се сеќавам, не го правам во моментов за да знам точно како идеше процедурата...
Слободно поправете ме негде ако нешто сум испуштил, а можете да ме побарате јас да ви го средам ова преку
TeamViewer