Се јавив и дечкото даде сосема културна цена - 22000 денари за 4 гуми Toyo Proxes C1S 205/55R16. Здравје боже за 3 недели, т.е. 15-ти март, до кога мора да се носат зимски гуми ќе донесам финална одлука околу изборот на гума. Засега како опција се Toyo Proxes C1S и Michelin Premacy HP. Разликата во цена воопшто не е мала, т.е. Мишелинот се поскапи за 40%.
Ајде едно стручно мислење во поглед на предметните Тојо гуми, нивен квалитет, перформанси и споредба со Mишелин. А потоа коментар во однос на цената.