RaceChip e уред кој се базира на премостување на сигналите (Piggy back) од сензорите (позиција на радилца, притисок во common rail, итн) кои ги чита фабричкиот ECU.
Тоа во старт те лимитира во максимални поместувања на вредностите на пресретнатите сигнали (ова највеќе се однесува во позицијата на сензорот на радилица, бидејќи сите ECU се лимитирани во максималниот агол на палење, те. во 60-2 trigger-от на радилица кој обично дава сигнал околу 9-11 заби пред ГМТ (360/60=6 степени е е еден заб), те. 9*6=54 степени пред ГМТ, ECU регистрира сигнал, па во однос на тоа прави пресметка, или во превод околу 40-45 степени максимум раније може да пресмета ECU-то. Тоа во комбинација со сензорот на брегаста повторно лимитира до колку може да лаже piggy back компјутерот.
Racechip S e piggyback кој има пресетирани мапи за секое возило индивидуално + harness за поврзување што е одлична работа за смешни пари, башка може секој да го монтира сам без никаков посебен алат.
Racechip S веројатно е базичен, со премостен MAP сензор и сопствени мапи за гориво (во делот на буст). Другиве две, веројатно имаат и променето палење. Не ја разбирам потребата од 6-7 различни мапи, доволно би било N, S и R. Не разбирам што им значи тоа репоррамирањето? Веројатно прво преснимува нешто, па после си работи дополнително како првиот Racechip S со поекстремни вредности?
Ова се интересни ефтини работи, кои веројатно функционираат одлично, ама добро ремапиран ECU е дефинитивно најдобро решение, како APR, АBТ за VAG . ЕDS како би го снимил?