Бев денес кај докторот во клиниката Ауто Престиж, за да и сменат белодробно крило на мојата мазгата. Па еве да споделам впечатоци со останатите, оние кои ги интересираат ефектите од промената на белодробното крило, и секако оние малкуте душмани на кои ќе им падне криво затоа што има фајде од ова.
Еве како изгледа отворено белодробно крило:

Во фаза на монтирање:

Спремна за акција и лакше се дише:

Резултати, на иста делница, но за жал со мали маневри поради автомобилите. Ќе пробам вечер или утре кога ќе е попразно, за уште подобри бројки:
3-th
60-100km/h
5s 2-7s
80-120km/h
6s 5-11s
4-th
60km/h to 100km/h
8s 6~14s
80km/h to 120km/h
9s 10~19s
5-th
80km/h to 120km/h
12.5s 3.5~16s
90km/h to 150km/h
21.5s 6.5~28s
Моите впечатоци се најпрво примањето е сосема поинакво. Кога ќе притиснеш на гас, без разлика дали возиш во град во 3-та 50km/h или на отвоерно во 5-та 120km/h, колата доби на "експлозивност". Односно има еден трзај кога нагло ќе ја притиснеш папучата до крај, кој претходно го немаше. Понатаму, под пуна гас, звукот благо е променет, но во гласност туку во шмек. Вака е по-шмеки, шо би рекле некои ко-форумџии. Нијанса на поголема моќ можев да забележам од 3200RPM до 4500RPM. Кога возам во тоа подрачје, па одпушти гас, па нагази до крај и така, колата е многу поагилна. Ова се осеќа и во 5-та на брзина од 120km/h и поголема. Како што кажав или вечер или утре вечер нови видеа, кога на патот ќе нема коли.
Поздрав до доктор Маршер и љубезните браќа и сестри од неговата клиника кои со голема грижливост му сменија орган на моето товарно животно.