Хахаха, мислам дека целта ти е само да се расправаш, бидејќи непридодаваш во квалитетот на дискусија. Ама ајде, ќе ти одговорам:
1) Ја земав релативно ефтино. За тие пари немаше друга Мазда 6, освен 2 слупани од напред до тој степен што и после поправките се познава од далеку дека доживеале добар судар.
2) Колата беше перфектно сочувана и најсочувана од сите кои ги гледав, гаражирана, од прв газда, со поминати 45500km, сервисирана исклучиво во овластен сервис и со сервисна книшка. За парите за кои ја земав + парите кои ќе ги вложам севкупно за сите работи во возилото неможев да купам сочувана Mazda 6 TD. Всушност единствените сочувани Mazda 6 TD беа од новите Мазди и најефтината од 2008-ма со 95000km несакаа да ја спуштат под 18000 евра. Да имаше нешто саглам до 12000-13000 евра, кое вреди за парите повеќе одошто ова кое го купив за 8500, секако дека тоа ќе го земев.
3) Сите Mazda 6 TD за кои имав буџет и ги гледав беа со 2.0 мотор и имаа поминато над 250000km.
4) Тјунирањето го правам пред се од ќеф и ентузијазам. Немам реална потреба од повеќе перформанси. Претходно возев Fiesta 2004 1.3 8V со 70КС максимална моќност. Во споредба со тоа, Маздава ми е формула.
5) Како што ти кажаа од администрација, не ја претварај дискусијава во уште една дебилна турбо дизел вс атмосферски бензинец расправија. Ако имаш да кажеш нешто корисно за мојов случај (види наслов), бујрум. Ќе ти бидам многу благодарен.