Потребна ќе ми биде надворешна врата за куќа, се мислам помеѓу кинескиве блиндор со камена волна и пвц со xps панел.
Кинескиве блиндор пожолтуваат од сонце, ама мислам поголема заштита од пробивање има, добра изолација.
Пвц мислам со нога да мавнеш ќе излезе панелот, дали има пвц врати со подебел панел изолација xps од 3см.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мислење помеѓу нив за безбедност и изолација (дали има можност пвц да има подебел панел пр.5см)?
Јас земав ПВЦ врата од аспект на изолација сум задоволен, но од аспект на квалитет не потполно. Иако врата е убава на изглед, не е бела, со дрво шара е сопствено п-во на Финестра Бау во Бутел 1, тоа што не ми се допаѓа е:
- квалитетот на монтажа, 2 пати ја монтираа, при спремна каса
- недостаток на ригидност, од тежината на средишните стакла, профилот знае да има флексибилност, незнам зошто алио претпоставувам дека во профилот на изработка нема алуминиумски профил. Да вграделе вакво нешто мислам дека врата ќе биде нешто најдобро за парите.
Е сеа, јас имам гаранција 10 години на профилот и дезенот и 5 години на бравата. Најмногу заради тоа ја земав.
Е сеа зошто земав ПВЦ а не билиндор. Можеби моја претпоставка али во куќа блиндор врата која е од метал (можеби нема да важи ова за тие врати што се обложени со пластика) се си мислам дека при висока разлика на температурата (во зима) ќе создава кондензација.
Али од кај и да земеш, обавезно види си што покрива гаранцијата и колку ти даваат. Фискалана обавезно, иначе заборави на Пазарна, па ќе зависиш само од нивната воља ако нешто не испадне како што треба.