Хупе може по мерка, само се чека, далеко е германија...
Ваква е мојата и ненормално е практична затоа што кога не се тушираш, стои отворена и цело купатило е поголемо, плус немам када, само плочки со сливник. Механизмот е многу остроумен, германски, уствари кога ги отвараш/затвараш вратите, се подигаат неколку милиметри нагоре за да не се влече гумичката и кога стига на крајна позција, се спуштаат и гумичките доле убаво налегнуваат и не дозволуваат да искача вода надвор. За да ова функционира ти треба добро направен и нивелиран под и зидови, ако е криво, нема да функционира како што треба. И секако треба да најдеш соодветен мајстор. Проблематична е за монтирање и многу специфична, јас ја монтирав со баџанакот и тоа траеше 4/5 саати ама се комплет по упатство. Патем, проблематично е и затоа што нема рамка, па малку ако го цивнеш стаклото, прибидејки е калено, ке ти се стори сол.


П.С. Дени, немој да мислиш дека оваа не треба да се чисти, си остануваат флеки и на оваа, јеби га, таква ни е водата.