Разликата е углавном во автоматското дозирање на пелети кај котелот на пелети. Со тоа автоматски се регулира температурата и можеш да си ја сетираш во одредени периоди дали да се гаси, дали да држи одредена температура и слично. Најголема предност според мене е што немаш многу замарање како што имаш со печката на дрва, само го пуниш резервоарот со пелети и цепаш. А автоматската регулација на температурата придонесува многу за енергетската ефикасност на котелот со пелети.
Горат почисто од дрвата, пошто пелетите се суви, немаат влага колку што има во дрвата за печките, освен ако дрвата не се доволно исушени. Но не секој ги остава дрвата година-две за да се исушат како што треба. Башка муабет е што дрвата знаат да бидат прљави, зауљени, со мов и слично. А бога ми и секој трпа во печка било какво дрво што ќе го најде, дрвени оквири од прозорци, врати, све... Иначе поконкретно во врска со согорувањето не знам да кажам...
Башка пелетите ако имаш соодветна машина, можеш и самиот дома да си ги правиш, од исушени лисја, струготини, измелени гранки и слично. Можеш и ѓубрето од парковите кога ги метат во есен да го собираш од чистачките, и да си напраиш самиот пелети.