Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1852133 пати)

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4620 на: 16 Јануари 2016, 12:02:58 pm »
iskrsigi plockite onaka, bez usul...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 831
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4621 на: 16 Јануари 2016, 13:34:47 pm »
ај да ве прашам нешто...
Дали врз стари постоечки подни плочки може да се стави кошулица 3-4цм ? па после да ставам нови плочки.
Или мора да ги корнам стариве.
Потребно ми е да добијам на висина, инаку би лепел плочка врз плочка.

Mozi.Ne e loso mreza nekoja plasticna ili metalna da postelis zaedno so betonot

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4622 на: 17 Јануари 2016, 00:36:38 am »
Дали ставање фасада се подразбира под доградба?  По некоја моја логика би требало пошто куќата не е целосно изградена, завршена итд. Ако некој има точна информација за ова молам нека сподели за да им земам и јас некоја пара од владата зашто на Пролет здравје треба двор да се прави а на Есен и фасада.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4623 на: 17 Јануари 2016, 01:09:22 am »
Не се рачуна за доградба нормално.
Доградба се рачуна, спрат да направиш нов.

Отсутен tigar2012

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4624 на: 17 Јануари 2016, 13:05:35 pm »
Еве кога сме веќе на муабетов, под доградба (претпоставувам) се рачуна зидање, плоча, покрив, ел. инсталација, водовод итн.

Е сега ова што дават кредит за доградба, дали тие пари ти ги даваат лично или се е на фирмата која што ќе гради, т.е. ако да речеме земам јас 10к ЕУР и за изградбата на спратот ми требат 5К со останатите 5К да можам да ставам фасада, прозори или било што, што не е поврзано директно со градбата на спрат.

Како идат точно овие работи, ако има некој поупатен нека објасни верувам дека на многумина ќе биде од корист.

Seat Ibiza 1.4 16v 55kw

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4625 на: 17 Јануари 2016, 13:45:32 pm »
Правиш проект за доградба.
Заверен од фирма за проектирање.
Врз база на тој проект земаш кредит од банка.
Кредитот е тој со субвенции од државата.

После изградбата ќе те контролираат што си направил.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4711
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4626 на: 17 Јануари 2016, 19:23:51 pm »
Еве ЧПП за проектот
http://kupikukakupistan.gov.mk/cpp.php

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4627 на: 21 Јануари 2016, 12:07:47 pm »
Здраво дечки,

дали некој знае кои документи се потребни да се соберат за проектант да почне со изработка на проект за куќа???

Уствари, што се од документи треба да се вадат од катастар или од каде се не пред да се почне со проектирање???

Благодарам

поздрав

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4628 на: 21 Јануари 2016, 12:24:00 pm »
Најдобро е да си прашаш директно кај некој проектант. Ако не се лажам имотен лист треба.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4629 на: 21 Јануари 2016, 12:44:31 pm »
Здраво дечки,

дали некој знае кои документи се потребни да се соберат за проектант да почне со изработка на проект за куќа???

Уствари, што се од документи треба да се вадат од катастар или од каде се не пред да се почне со проектирање???

Благодарам

поздрав

Еве јас како проектант ќе ти помогнам.

Значи ти треба:
- имотен лист на име на инвеститор
- извод од ДУП (овие 2 не постари од 6 месеци)  (во ДУП мораш да имаш намена за домување, за да можиш да градиш).
- елаборат од геометар (си наоѓаш некој геометар за да направи премер на твојата парцела)
- хидротехнички услови од водовод
ова ти треба за да може да се проектира

после за постапката ти треба полномошно за електронско поднесување и попратно уплатници за во општина.
ако имаш потреба ќе треба и полномошно од комшии за согласност. заверени на нотар

ми даваш капар и почнувам со работа. :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4630 на: 21 Јануари 2016, 13:00:09 pm »
Конкретно за актуелнава „Купи куќа за млади“, вели дека не треба да поседуваш имот на свое име.
А за да се направи проект велиш дека треба имотен лист на име на инвеститор.

Кај е чворот?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4631 на: 21 Јануари 2016, 13:06:05 pm »
Да не поседуваш имот на твое име.
Значи дека имаш веќе некој имот на твое име : куќа. стан....
Не можиш да градиш ти со купи куќа.

Можеш да имаш имот, ако е огласен за продавање во замена за поголем.
Највероватно имаш и рок до кога мораш да го продадеш.

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4632 на: 21 Јануари 2016, 13:21:56 pm »
Здраво дечки,

дали некој знае кои документи се потребни да се соберат за проектант да почне со изработка на проект за куќа???

Уствари, што се од документи треба да се вадат од катастар или од каде се не пред да се почне со проектирање???

Благодарам

поздрав

Еве јас како проектант ќе ти помогнам.

Значи ти треба:
- имотен лист на име на инвеститор
- извод од ДУП (овие 2 не постари од 6 месеци)  (во ДУП мораш да имаш намена за домување, за да можиш да градиш).
- елаборат од геометар (си наоѓаш некој геометар за да направи премер на твојата парцела)
- хидротехнички услови од водовод
ова ти треба за да може да се проектира

после за постапката ти треба полномошно за електронско поднесување и попратно уплатници за во општина.
ако имаш потреба ќе треба и полномошно од комшии за согласност. заверени на нотар

ми даваш капар и почнувам со работа. :D

Благодарам многу друже,

само што да правам со тоа што ДУП-от за општинава кај што сакам да градам уште се влечка и никако да го донесат (Стевче не попушта, граѓаниве се бунат и така до недоглед) . Ако извадам извод од стариот ДУП да не прават после проблеми ако во меѓувреме се донесе новиот??

Поздрав

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4633 на: 21 Јануари 2016, 13:34:05 pm »
За каде конкретно се работи. Миши ми во ПП која локаци, парцела...

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4634 на: 21 Јануари 2016, 13:56:19 pm »
За каде конкретно се работи. Миши ми во ПП која локаци, парцела...

Средено друже, еве читам Стевчо за Бадник средил скришно работа...сите ДУП-ови си ги донел човекот да не го фатат избори па мораториум па стопирање....:-)

Вреден си е :-P

Фала ти во секој случај

Поздрав