Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1852338 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4560 на: 10 Јануари 2016, 13:26:37 pm »
Погрешно прочитаното беше погрешно напишано од комуњарските икс личности. Чисто му предочив на салето а верувам и многу ги има како него што се погрешно информирани па зашто да не стои вистината на виделина, не гледам никаков проблем и баш напротив нека се знае вистината за утре некој да му се најдат информациите. Намерно потенцирам КОМУЊАРИ пошто се гнаса и се служат со вакви ниски работи за да ќарат некој поен.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4561 на: 10 Јануари 2016, 14:55:45 pm »
Посочи ми некој што не е гнаса и што не собира поени со секој потег.
Иначе и јас прво коа го прочитав, се зезнав ко Сале, без да ми влијаат комуњарски патки, преродбенички еребици или посрани голуби. Кога прочитав пак, си ја воочив грешката.

Баш ме интересира дали овие т.н. субвенции ќе повлечат од потписникот (со ситни букви у некој договор) давање на гзот на рента на актуелните (робо)владетели.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4562 на: 10 Јануари 2016, 15:05:34 pm »
Веќе сум икористил една поволност од владава, не е битно што и како, до сега газот уште е на мое име, а познавам и многу други што искористија поволности. Сега се брзам затоа што потребен е плац, и проект за апликација, а сакам да сум меѓу првите да не случајно народот реши дека му е доста од диктатурата па после април бомбашиве да го укинат проектот. Јас како што знам должници сме и јас и државата на банката со која ќе потпишеме договор, вторник се подетално ќе знам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4563 на: 10 Јануари 2016, 15:06:04 pm »
Веќе сум икористил една поволност од владава, не е битно што и како, до сега газот уште е на мое име, а познавам и многу други што искористија поволности. Сега се брзам затоа што потребен е плац, и проект за апликација, а сакам да сум меѓу првите да не случајно народот реши дека му е доста од диктатурата па после април бомбашиве да го укинат проектот. Јас како што знам должници сме и јас и државата на банката со која ќе потпишеме договор, вторник се подетално ќе знам.
Паметно. Пак користи си и остај да филозофираат.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4564 на: 10 Јануари 2016, 18:31:08 pm »
Посочи ми некој што не е гнаса и што не собира поени со секој потег.
Иначе и јас прво коа го прочитав, се зезнав ко Сале, без да ми влијаат комуњарски патки, преродбенички еребици или посрани голуби. Кога прочитав пак, си ја воочив грешката.

Баш ме интересира дали овие т.н. субвенции ќе повлечат од потписникот (со ситни букви у некој договор) давање на гзот на рента на актуелните (робо)владетели.

ова не е директно до велештрумф туку до сите, ама некој дали го гледал The Big Short , кој што прилично добро го доловува моментот на кредити  и хипотеки, како и искористувањето на народот од страна на банките и власта!
некои работи требаше некој да ми ги посочи некој пред околу 7-8години, за да не го јадам во наредните 20.......

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4565 на: 10 Јануари 2016, 21:32:20 pm »

Веќе сум икористил една поволност од владава, не е битно што и како, до сега газот уште е на мое име, а познавам и многу други што искористија поволности. Сега се брзам затоа што потребен е плац, и проект за апликација, а сакам да сум меѓу првите да не случајно народот реши дека му е доста од диктатурата па после април бомбашиве да го укинат проектот. Јас како што знам должници сме и јас и државата на банката со која ќе потпишеме договор, вторник се подетално ќе знам.

Одлично за тебе и за другите кои ги искористиле поволностите.
Би те замолил, кога ќе дознаеш повеќе за проектов, да споделиш детали доколку не ти е тешко.

Ќе се моли државна администрација да не рипа ко прле пред магаре, јас само реков дека, со оглед на тоа што не сум користел промотивни владини поволности до сеа, ме интересира дали ќе има последици по слободата на избор и разум, ништо повеќе.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4566 на: 10 Јануари 2016, 22:07:06 pm »
Неповратни средства до 33.000 евра преку „Купи куќа за млади“

Преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа.

Младите можат да бираат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.

Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата. Пресметките покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување изградба или надградба на куќа.

Пример:

Субвенцијата за кредит од 50.000 евра изнесува 33.000 евра

Субвенцијата за кредит од 40.000 евра изнесува 28.000 евра

Субвенцијата за  кредит од 30.000 евра изнесува 20.000 евра.

Каматната стапка за првите три години е 3,95%, за четвртата и петата 4,44%, додека понатаму каматата ја утврдува банката, но не смее да биде повисока од другите станбени кредити кои ги нуди.

За вториот модел „Субвенција за учество“, Владата субвенционира 100 отсто од учеството од кредит (до 25% од земениот кредит) за купување на куќа. Средствата кои можат да се добијат преку овој модел се до 12.500 евра.

Пример:

Субвенција за учество за кредит од 50.000 евра изнесува 12.500 евра

Субвенција за учество за кредит од 40.000 евра изнесува 10.000 евра

Субвенција за учество за кредит од 30.000 евра изнесува 7.500 евра

Она што е особена поволност за овој модел, велат надлежните, е тоа што каматната стапка е фиксна за цело време на отплата, односно изнесува 4,5 отсто плус 6 месечен ЕУРИБОР.

За да се аплицира за проектот треба да се исполнат следните услови

– Поеднинецот кој аплицира или еден од брачните сопружници треба да има до 35 години

– Месечната плата за поединец треба да биде ПОМАЛА од 900 евра, додека за брачни другари ПОМАЛИ од 1.300 евра

– Поединецот или брачниот пар не треба да има друга куќа или стан на свое име, или треба да се обврзат да го продадат за да аплицираат за проектот

– Рокот на отплата на станбениот кредит треба да биде од 20 години

– Апликантите треба да одговараат на критериумите за добивање станбен кредит пропишани од банката

Како да аплицирате за проектот „Купи куќа за млади“

Надлежните велат дека постапката за аплицирање за проектот е многу едноставна. Доколку граѓаните ги исполнуваат горенаведените услови, треба прво да најдат плац за изградба на куќа. Откако ќе најдат плац граѓаните треба да обезбедат изведбен и идеен проект – тука може да ги искористат поволностите кои ги нуди Министерството за транспорт и врски кои даваат бесплатен изведбен проект. Потоа треба да се обезбеди дозвола за градба од општината и да се склучи преддоговор со изведувач. По ова граѓаните треба да ги поднесат овие документи со барање за проектот до една од банките кои учествуваат во проектот: НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка, Стопанска банка Битола, Шпаркасе, Охридска банка, ТТК, Алфа и Прокредит банка.

Во случај на доградба или надградба на куќа, треба да се добие согласност од сопственикот на куќата која се надградува или доградува, а потоа постапката е иста.



Тие се условите на кратко

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4567 на: 10 Јануари 2016, 22:17:39 pm »
Субвенцијата колку е не е битно како бројка. Битното е дека колку земаш, толку враќаш.


Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4568 на: 10 Јануари 2016, 22:20:18 pm »
Ич, ама ич не верувам на неповратни пари од владата. А посебно од оваа влада. Или од претходната. Или од наредната. Ќе ми/ни се врати по глава како бумеранг и тоа тродупло.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45187
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4569 на: 10 Јануари 2016, 22:26:15 pm »
Камо среќа за вакви проекти да се арчат буџетните пари, наместо на обарочување градови и села.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4570 на: 10 Јануари 2016, 22:29:36 pm »
Камо среќа за вакви проекти да се арчат буџетните пари, наместо на обарочување градови и села.
Чул те тој што треба Симо, чул те тој што треба. Денацио, 1E квадрат, купи стан, па сега купи куќа си се таманка. Само да се множат такви, а не спомејнци.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4571 на: 11 Јануари 2016, 00:55:47 am »
Пропаганда. Кога не би била би имало канцеларии секаде. Во Кавадарци нема. Важно е да го има на шиттел и анал 5.

Марјан, не е сечиј случај универзален, треба некој конкретно за твојата ситуација да те упати.
Така површно сите можеме да прочитаме. Оди на шалтер и ќе видиш дека ни пола за твојата ситуација не пасува...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4572 на: 11 Јануари 2016, 00:57:29 am »
А ако си навработен? :D

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2322
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4573 на: 11 Јануари 2016, 01:03:03 am »
Целиот проект звучи премногу добро да е вистинито.
И да речеме дека нема скриени давачки и да е се како што е погоре напишано,значи дека ако јас ги земам тие субвенционирани пари значи некој ќе мора да ги врати,а штом државава ги дава значи ние граѓаните треба да ги вратиме.
Значи моите деца односно нашите поколенија ќе треба да ги вратат.
Се некако ми иде како со свој камен по глава,и мислам дека сите овие проекти се само собирање гласови.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4574 на: 11 Јануари 2016, 04:16:15 am »
Можеби има некоја поволност али..
Читав и колку што разбрав за 20.000е месечна рата нас во првите 8 години ќе излези 28 евра, потоа наредните 3 години се исплаќа по 70 евра и потоа до крајот на кредитот (9 години) се плаќа по 140 евра..

Што значи дека за во рок од тие 20 години, ќе исплатиме околу 20.300 евра.. Така да кредитот не е баш неповратен и не е баш толку добар за да не е вистинит :)

Јас би зел вакво нешто али сега ако го земам ќе треба да го враќам до 40 години...  А што му знам што ме чека допрва во животот..