Со лепак и типли може да се монтира стиропор. Барем 2цм нека биде, а пожелно 5цм.
А и со гипс картон исто може, ако ставаш пресуван тервол. Одлично ти е и тоа решение со 5цм дебелина, и плус конструкција и плус гипс, значи нешто испод 10цм ќе фати.
Ова за од внатре ако сакаш да ставиш. А за од надвор ако ставаш на самата зграда, тогаш со гипс плочи за надворешна употреба и со тервол 10цм пресован. Ако е бетонска плоча, нема да има премногу фајде зошто бетонот е добар спроводник на топлина и пак ќе делува ладно. Секако дека нема да е како без изолација. Најубаво би било да се стави изолација од стиропор, (по можност и цевки за подно парно) и потоа кошуљица. А врз кошуљицата после што сакаш, паркет/плочки/ламинат по избор.