Подолг период се заебавам да го направам, те криво да го исправам колку толку, sидче бутнав, крши, крши бетон, еден куп мака, работа и уште толку заебанции.
Планирам терасата малку да ја продолжам, да ја покријам и две соби да има горе.
Истотака едната страна од горе сакам да ја допуштам околку 1.2м и затоа сакам поквалитетно и појако да биде армирано.
Доста комплицирано, имам два столба од претходно кои се длабоки околку 50см, ама местото го ископале до таму да има простор за дрва повеќе (планирам после изведбата тоа место да се потполни со земја).
Гледам едниот столб бајаги е крив или лошо шалуван.
Столбовите планирам да ги искористам. Позадни на 1.3м ќе пуштам темел армирам со самци на страните.
Напред се гледа изведбата, комплетно поврзано со темел.
Прашање: како е најубаво да биде кај столбовите самци, да бидат на иста длабочина со темелот или кај коцките самците местото да биде подлабоко.
Темелите ќе бидат 40-50см длабоки, узенгии 30x20см 8ца со 12 или 14 арматура 6 ком.
Столбовите узенгии 20х20 со 8ца и арматура 12 може и дел 14ка со 6 комада.

