Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1507183 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3915 на: 03 Јули 2015, 00:19:55 am »
Што знам ние најчесто користиме фирнајс, а за затемнување ова она бајц.. лазур, белтоп (белинка) како заштита и потоа се врви со лак за чамци (за да свети)...

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3916 на: 03 Јули 2015, 10:33:37 am »
Дали некој има изработно комарник од каналите за кабли што се или тоа е невозможна мислија бидејки ке неможе да се затвтори каналот поради мрежата и истотака дали знае некој кај се продаваат алуминските лајсни за комарници.. Сакам да изработам сам комарник па собирам разни идеи ако има некој друга идеа нека сподели :D
Направив и супер излезе. Употребени ПП канали и мрежа. Кај мене прозорците се двокрилни, и материјалот за комарник на едно крило (135*100) чинеше околу 200 денари.

isto napraveno, vo merkur ti e 55 denari m2 mreza, na ger gi seces kanalite, imas i kanali so duplofan od pozadi za da si zalepis na pvc profil, i se fiksni vrsat rabota, si krois mrezata 2cm visok, edna strana pa optegnivas pa druga, osiguraj se deka e ubavo zatvoreno kanalceto, da pucne koga ke stisnes i "voala" :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3280
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3917 на: 03 Јули 2015, 10:43:22 am »

 Споевите можеш да ги изолираш и да ги провериш како конзолен носач на кој што дејствува сила на пола од кракот на гредата - момент. Во градежништво незнам како ги викате, ама оптоварувањата се исти.


А? Како ќе ги претвориш во конзоли? Конструкцијава е решетка.
А за попуштање нема да попушти ова вака окативно, со секојдневни статички и динамички оптоварувања...

Може и како решеткаст носач да ја третираш конструкцијата и да правиш пресметки по пресеци околу споевите.
Ама бидејќи конструкцијата е крута во подлогата, а споевите се направени со навојна врска, а не со заварување (бидејќи дрво е материјалот, а не метал) за полесна пресметка земаш дека спојот на вертикалната греда и двете хоризонтални греди е крута врска која не се движи (што во принцип е конзола) и правиш пресметка како конзолен носач. Спојот на косите гредички и вертикалната и хоризонталната греда е крут и имаш сила на фрикција која што е пропорционална со носивоста на штрафот што спојува, а не со материјалот - дрвото. Поточно триењето на двете греди ќе зависи од силата со која штрафот истите тие греди ги држи прилепени една до друга. Дополнително имаш винкли и други елементи со кои ја одржуваш врската крута. И ако пресметуваш решетка ќе треба ептен многу параметри да вклучиш во пресметката, да ги изолираш сите споеви одвоено, да направиш јакосна пресметка на штрафот, винклите.... Поедноставно е да го третираш спојот како конзола бидејќи нема големи динамички оптоварувања и системот е крут.

И да ја анализираш како решетка и како конзола во споевите оптоварувањата ќе бидат исти и разликата помеѓу конзолна и решеткаста пресметка ќе биде занемарлива.

Полесно се пресметува конзола од решетка. Ама па и за летниковец правиме муабет не за конструкција која ќе биде оптоварена до максимална носивост.
« Последно менување: 03 Јули 2015, 10:49:00 am zlatkoa »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3918 на: 03 Јули 2015, 11:07:25 am »
Дали некој има изработно комарник од каналите за кабли што се или тоа е невозможна мислија бидејки ке неможе да се затвтори каналот поради мрежата и истотака дали знае некој кај се продаваат алуминските лајсни за комарници.. Сакам да изработам сам комарник па собирам разни идеи ако има некој друга идеа нека сподели :D
Направив и супер излезе. Употребени ПП канали и мрежа. Кај мене прозорците се двокрилни, и материјалот за комарник на едно крило (135*100) чинеше околу 200 денари.

isto napraveno, vo merkur ti e 55 denari m2 mreza, na ger gi seces kanalite, imas i kanali so duplofan od pozadi za da si zalepis na pvc profil, i se fiksni vrsat rabota, si krois mrezata 2cm visok, edna strana pa optegnivas pa druga, osiguraj se deka e ubavo zatvoreno kanalceto, da pucne koga ke stisnes i "voala" :D

Какви се тие ПП канали за мрежа за комарци, во план ми е и мене нешто вакво здравје догодина...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3919 на: 03 Јули 2015, 11:30:06 am »
некои го викаат ПП канал, некои го викаат пвц канал, некои го викаат регал канал... тоа ти е оној белиот пластичен канал со капаче одозгора за носење кабли за надворешна инсталација.


и за оваа намена со комарниците, нај убав е оној со дебелина од 1,5Х1,5 сантим. нај крут е од сите а и нај мал.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3920 на: 03 Јули 2015, 11:35:57 am »
Повеќето фирми кои нудат прозорци нудат и комарници. Околу 2000 денари ќе ве фати саглам направено, не прикрпено по прозор со алуминиумски профили во боја на прозорецот.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2791
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3921 на: 03 Јули 2015, 13:00:25 pm »
Повеќето фирми кои нудат прозорци нудат и комарници. Околу 2000 денари ќе ве фати саглам направено, не прикрпено по прозор со алуминиумски профили во боја на прозорецот.

Мислам дека толку е за фиксен комарник, ако сакаш и да биде подвижен и алуминиумски незнам што, значително се поскапи. Не ми текнува сеа на цените, ја немам фактурата тука.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3922 на: 03 Јули 2015, 13:02:56 pm »
Повеќето фирми кои нудат прозорци нудат и комарници. Околу 2000 денари ќе ве фати саглам направено, не прикрпено по прозор со алуминиумски профили во боја на прозорецот.

Мислам дека толку е за фиксен комарник, ако сакаш и да биде подвижен и алуминиумски незнам што, значително се поскапи. Не ми текнува сеа на цените, ја немам фактурата тука.
Да, тие на отварање доста поскапи беа и јас кога прашував
за полесна пресметка земаш дека спојот на вертикалната греда и двете хоризонтални греди е крута врска која не се движи (што во принцип е конзола) и правиш пресметка како конзолен носач.

Хоризонталната (таа горе) со двете вертикални(стубовите) ли мислеше? Тоа може и како рамка носач, со појачување во ќошевите да се разгледа ама не и како конзола барем според мене ;D
 Конзолата  е греда од едната страна круто врзана а од другата слободна нели, барем ние така ни кажуваа.  А тоа со триењето и штрафовите е веќе пресметка од јакост како што рече (кинење, сечење на штрафот итн.)
Како и да е, се гледа и од око дека конструкцијата е статички стабилна, а богами и јакосно по дебелината на гредите и останати појачувања  :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3923 на: 03 Јули 2015, 13:13:31 pm »
Повеќето фирми кои нудат прозорци нудат и комарници. Околу 2000 денари ќе ве фати саглам направено, не прикрпено по прозор со алуминиумски профили во боја на прозорецот.

Мислам дека толку е за фиксен комарник, ако сакаш и да биде подвижен и алуминиумски незнам што, значително се поскапи. Не ми текнува сеа на цените, ја немам фактурата тука.
Еве јас ќе ти кажам, сега ставав.
10-15еур плус за отворање на шарки. А два пати од цената за лизгачка или хармоника.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3924 на: 03 Јули 2015, 14:15:54 pm »
Пред 5г. кога ставав армонука комарник беше 100€ квадрат, т.е. за една врата ми земаа 190€.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3925 на: 03 Јули 2015, 16:57:52 pm »
во врска со цените за ролетните комарници за прозори во алуминиумска рамка се од 30евра нагоре зависно димензијата, оние што се на отварање како врата за балконска врата со магнети исто со алуминиумска рамка почнуваат од 70 евра па колку поголемо толко поспако.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3926 на: 03 Јули 2015, 17:17:40 pm »
Пред 5г. кога ставав армонука комарник беше 100€ квадрат, т.е. за една врата ми земаа 190€.

Мене пред некои 3 години ми ги даваа овие цени, затоа дури и чудни ми се бројкиве што ги кажувате.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3927 на: 03 Јули 2015, 17:25:24 pm »
За комарници има добри цени еден мој пријател, ама моментално е на одмор.
Мислам дека цена од квадрат за алу фиксен комарник по квадрат е 25 евра, а со шарки и магнет се нешто поскапи.
Сметајте дека во зграда е морално да се со шарки, ради монтажата.
На тераси може фиксни без проблем.
За врата цените се други, мислам дека беа дупли заради дупло поголемите алу профили.
Ако не и повисоки. 
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен The_Red

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3928 на: 03 Јули 2015, 22:58:53 pm »
Ај еден аматер да ве испозамара сеа.

Прашањата ми се за патос.
Прочитав дека не се става директно на бетонски под, туку мора да се дигне на даски и да се кова.
1. Дали не може да се стави на под, и наместо ковање да се лепи со квалитетен лепак за дрво по шините кај што се спојува?
2. Ако се дигне на даски, нели ќе тропа додека одиш?
3. Која е подобра варијанта, патос или ламинат?

Дали му “поминува векот“ на патосот ако не е искористен?
На времето земав као демек ќе правам викендичка ама испадна да се одложи па еве 10тина години ми стои. На суво е, дигнат на височко, нема влага, има провев, нема сеуште црви...
4. мислите дека можам да го искористам или му прошло времето?

Гледав на темава слики од патос на почетокот што ставале. Патос ко патос е светол, ама дали може да му ставам потемен лак, не сум баш љубител на светли бои.


Нов сум на форумов, пречекајте ме со убави и јасни одговори. :)
Добро ве најдов.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3929 на: 03 Јули 2015, 23:41:56 pm »
Патос само Нано.

Кој ти рекол дека не се става на бетон... страшно. На даски во 2015та? Па да крцка и вибрира!? Двокомпонентни лепаци лиѓе измислуваат...


Едит: убаво убаво УБАВО да се провери за црви и термити.