Камената волна има отприлика 0.037 W/mK
Бел стиропор 0.030-0.037 W/mK во зависност од густината
Сив/Црн Графитен стиропор 0.029-0.031 W/mK
Стиродур XPS 0.032-0.033 W/mK
Ова ти се вредности од сертификати на Усјепор, Изолмак и Стиропан (Грција).
Колку е помала вредноста толку е помала спроводливоста т.е. тоа е подобро. Во секој случај, овде правилото е колку повеќе ставиш толку подобро. Со тоа што кривата над 10 цм опаѓа нагло, односно бенефитот е се помал.
Јас бидејќи ова моментално ми е хит во средувањето по дома и истражував околу ова, дојдов до заклучок дека за нашата држава и климатската зона во која припаѓа се препорачува од 7-8 цм бел стиропор (во помала густина 17 кг) или 5-6 цм од сив стиропор се доволни за да се исполни стандардот за енергетско ефикасен објект.
Меѓутоа, нормално ако можеш повеќе стави повеќе но односот на вложено добиено не е на твоја страна.
На крајот, не е само во тоа колку см ќе ставиш, колку што и колку тоа професионално ќе биде изведено.
Стиродурот е препорачан за цокле, темели, подруми и сл. поради неговата способност да биде добар „штитник“ од механички удари.
Напомена: јас не сум стручен во ова поле, само пренесувам тоа што сфатив со моето истражување.