Секако, Кано. Рециклирањето треба да се испланира и обмисли сериозно.
Но тоа не би требало да биде пречка за употребата на фотоволтаик панелите. Мислам, па ако се толерира употреба на нуклеарните централи иако потрошеното гориво потоа малтене за навек треба да се чува под специјални услови, со активно одржувано ладење и разни други услови... Што е тоа ако не задолжување на следните генерации за да се искористи „ќар„ сега и веднаш.
Наспроти тоа фотоволтаик панелите се детска играчка, во поглед на рециклирањето (или безбедното складирање).
За сиромаштија како нас, во куќа каде што нема струја, рецимо во некое селце или планина, најдобра и најисплатлива опција ти е агрегат.
250 евра, гориво, и имаш 2киловата на саат расположлива моќност.
...
За домашна употреба соларни колектори се ОК, со цел да се намали потрошувачката на ел.енергија, но нема можност за пребивање или слично. 
Секако, за викендица агрегат е поисплатлив избор. Соларната варијанта е многу поскапа но и понезависна опција, за тие што можат да си ја дозволат.
Него тоа беше спореден аспект. Муабетот ми беше дека би било добро државата да преземе мерки за да се промовира употреба на зелена, обновлива енергија. Наместо да го штити интересот (монополот) на ЕВН. Вистински чекор во таа насока би било дозволување да се пребива потрошена наспроти предадена струја - од фотоволтаик панел(и) плус инвертор (а без акумулатори).
Секако, сето тоа со соодветно оданочување, и според однос што е прифатлив за двете страни.