Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1589765 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3300 на: 04 Март 2015, 01:50:52 am »
Не е единствониот проблем во законите и бизнис моделот. Постојат и технички пречки.

Колку се троши толку треба да се произведува. Во секој момент дистрибутерот треба да знае колкава е побарувачката и според тоа да го регулира производството. Соларните панели и ветерниците се непредвидливи и ја отежнуваат оваа математика. Потребни се поскапи системи за мерење на моменталната потрошувачка и производство, покомплексна мрежа за балансирање на товарот...

Поради оваа непредвидливост, потребни се скапи методи за складирање на вишокот. Батериите од домот кои би се користеле при сегашниов наш систем, ќе треба да се префрлат кај дистрибутерот на електрична енергија.
http://www.npr.org/templates/story/story.php?storyId=129253742

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3301 на: 04 Март 2015, 01:57:03 am »
ако купам батерии-акумулатори, нема да се приклучам на евн продажба, затоа што веќе инвестиција готова имам, да заштедам струја по фул прајс, наместо по ниска продажна...

плус ако не сте знаеле, цената на акумулаторите кои би завршиле работа за складирање доволно струја за 4-члено семејство, (со соодветнит број на панели нели) коштаат пола ако не и повеќе од инвестицијата на таков солар...

значи за едно просечно 4 члено семејство, потребни се минимум 10 акумулатори од 12 волти со по 180 амперчасови...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3302 на: 04 Март 2015, 02:38:37 am »
туку да не вртиме празни муабети... како што е во цел свет така е и кај нас со цените, само единствениот проблем е што кај нас државата не ти дозволува да се бавиш со производство на струја и да ја продаваш на евн, ако немаш фирма... сака и државата да лапне од колачето на таа струја, т.е. да си платиш данок на продажба...

На тоа се сведува, државата не ти дозволува да се бавиш со производство на струја и не те поттикнува да вложуваш во обновливи извори на енергија.
Но тоа поттцртаното ти е нелогично. Пошто ако државата сака да лапне данок од продажба - се што треба да направи е да ја овозможи таа „продажба„ (ако веќе така мораш да го наречеш пребивањето за кое јас зборувам). Условите на пребивањето (тарифите, односот, итн) се сосема друга работа. Најискрено кажано ние како јавни лица ќе бидеме задоволни со било што. Најпосле целата работа е за пребивање на струјата потрошена навечер кога е евтината тарифа, вишокот струја би се јавил денски кога е скапата тарифа... Ако ме разбираш, велам дека ние што сме заинтересирани за фотоволтаик системи, би биле задоволни и со најнеповолната од ситуациите каде се овозможува некакво пребивање со струјата.

Но реалноста е дека изгледа не е до државата (не директно) туку до ЕВН. ЕВН не секаат никакво производство на струја од страна на јавни лица. Како што напиша @koce1102 погоре, едноставно ЕВН сака да те демотивира и сака исклучиво од нив да купуваш струја.
Но државата не е без гревови тука. Пошто извесно е дека заради одредени интереси (провизии, дивиденди, корупција?) владата ги толерира монополските активности на ЕВН кои се штетни за самата држава. Секако заклучокот е дека овде во Македонија не се промовира „зелена енергија„.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3303 на: 04 Март 2015, 12:19:52 pm »
ако купам батерии-акумулатори, нема да се приклучам на евн продажба, затоа што веќе инвестиција готова имам, да заштедам струја по фул прајс, наместо по ниска продажна...

плус ако не сте знаеле, цената на акумулаторите кои би завршиле работа за складирање доволно струја за 4-члено семејство, (со соодветнит број на панели нели) коштаат пола ако не и повеќе од инвестицијата на таков солар...

значи за едно просечно 4 члено семејство, потребни се минимум 10 акумулатори од 12 волти со по 180 амперчасови...

од прилика секој од нив по 400 еур.

Исплатливо само за места каде што немаш струја, а башка што не можеш да ставиш после тоа било што од опрема, мораш ЛЕД, бојлер не смееш да помислиш, шпорет ?, пегла?, строго највисока енергетска класа на апарати за домаќинство.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3304 на: 04 Март 2015, 17:44:54 pm »

И што е најлошо, по одредено време тие акумулатори ќе мора да се менуваат. За разлика од нив, панелите можат да тераат со децении - со одредена (не преголема) загуба на моќноста.
Токму затоа би било многу добро да постои некакво „пребивање„ за потрошувачката со ЕВН. Многумина би се решиле на инвестиција во фотоволтаик панели (и инвертор).

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3305 на: 05 Март 2015, 01:59:32 am »
од прилика секој од нив по 400 еур.

Исплатливо само за места каде што немаш струја, а башка што не можеш да ставиш после тоа било што од опрема, мораш ЛЕД, бојлер не смееш да помислиш, шпорет ?, пегла?, строго највисока енергетска класа на апарати за домаќинство.

не... со таа снага ке можеш и бојлер и веш машина и се... затоа и ја посочив снагата и количината (бројот) на акумулатори... тие би требало да ти обезбедат доволно струја да има потрошувачка од просечни 5-6 киловати на саат околу 24 саати... така да не е проблем за појаки потрошувачи, али за осветлувањето си во право... лед овде онде, економична сијалица евентуално.. неонка, волфрам, ке заборавиш... и телевизори со мала потрошња секако... греење на било што друго, само не на струја...


И што е најлошо, по одредено време тие акумулатори ќе мора да се менуваат. За разлика од нив, панелите можат да тераат со децении - со одредена (не преголема) загуба на моќноста.
Токму затоа би било многу добро да постои некакво „пребивање„ за потрошувачката со ЕВН. Многумина би се решиле на инвестиција во фотоволтаик панели (и инвертор).

точно.. тоа одредено време, не е подолго од 5 години... на сеои 5 години, реинвестиција во акумулатори...

второ.. фотоволтаиците имаат рок на траење од околу 25 години... после 15 години користење искористливоста (ефикасноста) нивна паќа на околу 50-60% од почетната... така да после 25 години користење, правиш ресет и со панели... ајде еден есап направете како изгледа и колку кошта 25 години да имате бесплатна струја со расположиви во просек од 5 киловати на саат, наспроти инвестицијата...

за 5 години ке дадете околу 20.000 евра само за акумулатори... другото ке го оставам сами да пресметате, според цените што ке ги најдете по нет за панели и инвертори....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3306 на: 05 Март 2015, 02:06:10 am »
Дап, акумулаторите имаат смисла за примена во куќа што е оф-грид или таму каде нема можност за носење електрична енергија (и се разбира, кој има пари да си го дозволи тоа).

Во врска со панелите, тоа дека мора да се менуваат на секои 25години и не е некоја поплака... па побогу колку мислиш да живееш? Јас ќе ти кажам, дајбоже многу пати да ги замениш... ама рокот на траење на панелите се некако се мислам дека не е проблем.   :P

Сега само уште ЕВН да не се педери, и некако државата да ги натера да се уведе пребивање на струјата како што е на запад. ;)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3307 на: 05 Март 2015, 07:57:43 am »
За сиромаштија како нас, во куќа каде што нема струја, рецимо во некое селце или планина, најдобра и најисплатлива опција ти е агрегат.
250 евра, гориво, и имаш 2киловата на саат расположлива моќност.
Верувам дека во таа планинска куќарка нема да уклучиш парно на струја, туку ке си заложиш шпорет.
Секоја друга скапа инвестиција ке биде неисплатлива.
Да не набројувам.
За домашна употреба соларни колектори се ОК, со цел да се намали потрошувачката на ел.енергија, но нема можност за пребивање или слично. :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3308 на: 05 Март 2015, 10:31:17 am »
Во врска со панелите, тоа дека мора да се менуваат на секои 25години и не е некоја поплака... па побогу колку мислиш да живееш? Јас ќе ти кажам, дајбоже многу пати да ги замениш... ама рокот на траење на панелите се некако се мислам дека не е проблем.   :P

проблем е од аспект дека се изготвува закон за нивно обавезно рециклирање, а не едноставно да ги фрлиш. во себе фотоволтаиците имаат вградено и некои радиоактивни материјали. со самото тоа, нивната рециклажа ке биде скапа... значи ке ги купиш, ке ги користиш и после 25 години ке треба да платиш за нивно фрлање и секако пак да платиш за нови... ако не ти, тогаш твоите потомци... си ги тураш у небрано...
За сиромаштија како нас, во куќа каде што нема струја, рецимо во некое селце или планина, најдобра и најисплатлива опција ти е агрегат.
250 евра, гориво, и имаш 2киловата на саат расположлива моќност.
Верувам дека во таа планинска куќарка нема да уклучиш парно на струја, туку ке си заложиш шпорет.
Секоја друга скапа инвестиција ке биде неисплатлива.
Да не набројувам.
За домашна употреба соларни колектори се ОК, со цел да се намали потрошувачката на ел.енергија, но нема можност за пребивање или слично. :)

точно тоа сакав да го кажам.. и јас за во викендица имам резерва агрегат за кога ке снема струја. 950 вати е, во косово е да го купиш 90 евра истиот.. двотактен, троши 1 литро на 2,5 саати. сосема доволно за мало фрижидерче, телевизорче и 10-тина економични сијалици...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3309 на: 05 Март 2015, 10:50:55 am »

Секако, Кано. Рециклирањето треба да се испланира и обмисли сериозно.
Но тоа не би требало да биде пречка за употребата на фотоволтаик панелите. Мислам, па ако се толерира употреба на нуклеарните централи иако потрошеното гориво потоа малтене за навек треба да се чува под специјални услови, со активно одржувано ладење и разни други услови... Што е тоа ако не задолжување на следните генерации за да се искористи „ќар„ сега и веднаш.
Наспроти тоа фотоволтаик панелите се детска играчка, во поглед на рециклирањето (или безбедното складирање).


За сиромаштија како нас, во куќа каде што нема струја, рецимо во некое селце или планина, најдобра и најисплатлива опција ти е агрегат.
250 евра, гориво, и имаш 2киловата на саат расположлива моќност.
...
За домашна употреба соларни колектори се ОК, со цел да се намали потрошувачката на ел.енергија, но нема можност за пребивање или слично. :)

Секако, за викендица агрегат е поисплатлив избор. Соларната варијанта е многу поскапа но и понезависна опција, за тие што можат да си ја дозволат.

Него тоа беше спореден аспект. Муабетот ми беше дека би било добро државата да преземе мерки за да се промовира употреба на зелена, обновлива енергија. Наместо да го штити интересот (монополот) на ЕВН. Вистински чекор во таа насока би било дозволување да се пребива потрошена наспроти предадена струја - од фотоволтаик панел(и) плус инвертор (а без акумулатори).
Секако, сето тоа со соодветно оданочување, и според однос што е прифатлив за двете страни.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3310 на: 05 Март 2015, 10:55:40 am »
Agregat e ubava rabota samo mnogu se bucni ke re izvadi od pamet...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3311 на: 05 Март 2015, 11:19:02 am »
Државата ако дозволи да се актуелизира употребата на обновливи извори на електрична енергија тоа ќе значи дека сама ке си пука во нога.  Ова зборувам за кај нас и исклучиво за кај нас..
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3312 на: 05 Март 2015, 13:07:35 pm »
Agregat e ubava rabota samo mnogu se bucni ke re izvadi od pamet...
не бе друже... само додади му издувен систем и нема да го чуеш. во албанија хотелот до нас имаше агрегат трофазен од 12 киловати. од прозор ми беше 15 метри. само ако е мртва тишина ке чуеш онака ептен тивко дека некоја машина работи... ова важи за бензин агрегати... дизели се што сум ги слушнал самите машини им се бични...  а бензинците и на плин се прават ептен лесно..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3313 на: 05 Март 2015, 18:55:33 pm »
Државата ако дозволи да се актуелизира употребата на обновливи извори на електрична енергија тоа ќе значи дека сама ке си пука во нога.  Ова зборувам за кај нас и исклучиво за кај нас..

Па добро, нели ќе мораат да го либерализира пазарот некогаш? Или да погледаат како сето тоа е решено во други држави на чија економија би требало да се угледаме?
Или од друг аспект, нели треба да рачунаат дека гласачите треба да ги гласаат на следните избори?
Од тој аспект нели и тоа е пукање во нога?

Добро е да се зборува за ова, и да се едуцираат луѓето за можностите.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3314 на: 05 Март 2015, 19:10:41 pm »
Мене ми е искрено жал што во нашава држава нема луѓе. Стварно ми е криво кога не можам а да не се засрамам од тоа што сум. Не сакам да продолжувам да дискутирам во таа насока.

Инаку што се однесува до предлогот кој го даде максимално го подржувам и сакам да е така. Јас би бил еден од првите кој би инвестирал во такво нешто.

Обновливи извори на енергија е тоа што ни треба на сите.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.