ај да не отварам нова тема,гледам почнавме кој од каде е по потекло....

тема:влага-мувла.
од кога ја ставив изолацијата и фасадата,на прозорите почна да ми јавува роса,капки вода.
можеби дополнително и веницианер ролетните ја забрзуваат кондензацијата на прозорите.
кога се спуштени има ,кога ќе ги дигнам,има ама ептен малку.
друга работа е можеби греењето со клима.недела дена ја пуштав климата и имаше влага на прозорите.
ај пробав со парното и ок е.
дали кога ја завршивме изолацијата студот веќе беше влезен во бетонот па сега треба време да испари влагата....?
во еден два ќоша ми покажа знаци на мувла.
прошлите години никад сме немале ваква појава на мувла.
читав против мувла варакина,некое друго средство што мирисало многу но
купив од ading средство против мувла(220 ден) грчко,на база на хлор.не мириса,може малку на почеток.но добро си ја врши работата.
вчера налетав во џамбо веро едни апсорбери на влага,купив па дома кога прочитав подобро вика иритирачки на очи и слични предупредувања околку хемикалијата.
ме интересира дали може да се стави во дневна,спална и да стои нон стоп?
дали е многу штетно?

