Арматура на кошулица - плоча, рабис мрежа на лепаци, тенки малтери.
5см за кошулица ако не ти е рамна малку плочата.
Сметам 7-10см е идеално за плочата во соба.
Ние ги реновиравме сите соби во изминативе 10-тина години. Во секоја соба пошто си имаше доле каков таков бетон, рамен нерамен, врз тој бетон ставивме најлон, врз најлонот 2 цм стиропор и врз стиропорот рабис мрежа и кошулица со дебелина од 2 цм на некои места и 4 на други пошто изворниот првиот бетон најдоле не е рамен.
Еве ги не попуштиле, сме ги прскале по 1 месец кошулиците со вода и немало гајле.
Од 7-8 цм па нагоре, тоа е веке ПЛОЧА а не кошулица.
Колку за илустрација. Мојата кука е на 2 спрата, направена 62 година пред земјотресот, има плоча на првиот спрат дебела само 10 цм, армирано бетонска плоча а не монтажна, па ете ја 50 години стои, и колкав терет држи одозгора, ствари и слично, а не 10 цм да ставаш за КОШУЛИЦА.

И да ти кажам дека мојата кука нема столбови и трегери, и плочата од 10 цм стои на 40 цм надворешни бетонски и 25 цм внатрешни ѕидови со цигла.